Дали знаеш дека над 40% од луѓето над 30 години имаат проширени вени? 57% од жените и 20% од мажите се соочуваат со отечени, болни и уморни нозе како резултат на проширените вени. Во лето симптомите се влошуваат, па поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска што да направиме и како да си помогнеме.
Проширените вени се често заболување, а првите симптоми се појавуваат веќе на возраст помеѓу 20-тата и 40-тата година од животот. Проширените вени, познати и како варикозни вени, се абнормално зголемени, искривени и испакнати крвни садови кои најчесто се јавуваат на нозете и стапалата.

Како може да ги препознаеме проширените вени?
Некои клучни карактеристики на проширените вени се:
- Се јавуваат кога вените стануваат поголеми, искривени и испакнати под кожата.
- Најчесто ги зафаќаат површинските вени на нозете и стапалата, каде притисокот е повисок кога човекот стои.
- Имаат темно виолетова или сина боја и се протегаат по ногата како јаже.
- Вообичаено имаат дијаметар поголем од 3 мм.
Иако вообичаено не предизвикуваат болка, можат да предизвикаат непријатност, чувство на тежина, топлина, пулсирање, мускулни грчеви и отоци.
Кои се причините за појава на проширени вени?
Причините за појава на проширени вени се:
- Генетски фактор
- Бременост
- Прекумерна телесна тежина
- Долго стоење
- Стареење
- Менопауза.
Како да ги заштитиме вените во летниот период? Што може да помогне?
Во летниот период, практикувајте ги следните совети:
- Носете компресивни чорапи за време патувањата.
- Избегнувајте долго стоење или седење. Правете чести паузи и раздвижете се.
- Пиете доволно вода. Избегнувајте алкохол и кофеин кои можат да ја намалат хидрацијата.
- Избегнувајте тесна облека и обувки кои можат да го нарушат венскиот проток.
- Јадете храна богата со витамин Ц, рутин и биофлавоноиди како што се цитрусни овошја, зеленчук, црвено грозје и боровинки. Тие ги јакнат ѕидовите на крвните садови. Ако имате проширени вени, земајте витамин Ц како додаток во исхраната. Препорачуваме AlphaSorb-C. AlphaSorb-C во својот состав содржи витамин Ц, калциум, Transport C-PLUS®, алфа липоична киселина, комплекс на цитрусни биофлавоноиди, прав од ацерола, прав од шипки и прав од рутин.
Придобивки од AlphaSorb-C:
- Најдобар извор на некиселинска форма на Витамин Ц
- 4 пати поголема апсорпција од обичниот Витамин Ц
- 300% поголема биорасположливост
- Не предизвикува киселински проблеми во желудникот.

AlphaSorb-C може да го набавите преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава или побарајте го во поголемите аптеки.Повеќе информации за AlphaSorb-C прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Доколку внимателно ги следите овие совети, ќе ги намалите симптомите на проширените вени и ќе ја подобрите циркулацијата во летениот период.
Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: 3 здравствени проблеми на кои секоја жена треба да внимава.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.
