рибата во исхраната 1

Риба за силно срце и правилна фукција на мозокот

Не само што е вкусна, туку е и здрава! Важно е рибата во исхраната да биде често вклучена. Содржи хранливи материи кои го помагаат здравјето, добри масти, витамини, минерали… Придобиквите од рибата се многубројни, а најзначајните се правилна фукнција на мозокот и одржување на здравјето на срцето.

Постојат многу начини на подготовка на риба. Може да се јаде свежа, чадена, конзервирана, печена, пржена, на скара, панирана, па дури и подготвена на пареа. Нутриционистите препорачуваат почесто да се јаде печена риба или подготвена на пареа, а да се избегнува пржена и панирана. Може да се послужи со зеленчук. Важноста на рибата во исхраната е голема, затоа не заборавајте да ја консумирате барем еднаш неделно.

рибата во исхраната 2

На организмот му обезбедува хранливи материи

Првенствено, рибата на нашиот организам му обезбедува висококвалитетни протеини. Содржи многу витамини и минерали, а благодарение на нив, човечкото тело функционира нормално. Исто така, рибата содржи малку масти и тоа незаситени. Незаситените масти се нарекуваат „добри масти“. Поголемиот процент на масти во рибата значи и повеќе витамин А, Д и Е, како и повеќе есенцијални масни киселини.

Риба за поздраво срце и мозок

Хранливите состојки кои ги содржи рибата се важни за правилен раст и развој на децата и одржување на здравјето на повозрасните. Посебно се истакнуваат омега 3 масните киселина кои благотворно делуваат на работата на срцето и мозокот. Омега 3 мастите позитивно делуваат и на репродуктивните органи. Неодамна едно американско истражување покажало дека редовното консумирање риба може да го намали ризикот од инфаркт. Освен тоа, постои врска помеѓу конзумирањето риба со омега 3 масни киселини и депресијата: некои истражувања покажаа дека масните состојки во рибите му помагаат на мозокот подобро да го користи серотонинот, хормон кој позитивно делува на расположението.

Наша препорака:

Најдобро е да се јаде разновидна риба, поточно во исхраната да биде вклучена и слатководна и морска риба, и тоа барем еднаш во неделата. Се препорачува да се внесува пастрмка, крап, ослиќ, лосос, туна, скуша и други видови риба.

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за печење на замрзната риба.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: