Риба со прилог од печен зеленчук 1

Риба со прилог од печен зеленчук

Вака приготвената риба со прилог од печен зеленчук можете да ја јадете како главен оброк за ручек или вечера. За кратко време ќе добиете убав ручек кој добро ќе го нахрани целото семејство.

Вака подготвената порција изобилува со бои и хранливост, па ќе биде привлечна и за помладите членови на семејството.

riba so prilog od zelencuk 2

Состојки:

  • 4 средни риби ципура (ако немате може да користите друга риба)

За прилог:

  • 2 меснати црвени пиперки
  • 2 главици кромид
  • 1 среден црн патлиџан
  • 2 помали тиквички
  • сол и масло по потреба.

Подготовка:

  1. Рибата прво исчистете ја и измијте ја, а потоа засечете ја на две места од двете страни и посолете ја. Оставете ја неколку часа или преку ноќ да прими од солта.
  2. Зеленчукот исечкајте го, патлиџанот и тиквичките на кругчиња, кромидот на резанки, а пиперката на поголеми коцки.
  3. Во посебни чинии посолете го и измешајте го зеленчукот, па наредете го во плех, во редови или измешан и попрскајте го со масло.
  4. Зеленчукот ставете го да се пече во загреана рерна на 190-200 степени околу 45 минути да омекне, а на половина од печењето малку промешајте го за премногу да не изгори површината.
  5. Додека се печи зеленчукот,во загреано масло испржете ја рибата, претходно извалкана со брашно.

Послужетего јадењето додека се топло. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: 19 идеи за гарнирање на риба.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: