Овој текст е за младите тинејџери, но посветен на вас, нивните родители, роднини, пријатели. Можеби се прашувате зошто? – Затоа што само со заедничка соработка може да се постигне заштита на менталното здравје на вашите тинејџери. Во време на пандемија, нивната ментална благосостојба е изложена на висок ризик, а скоро да сме сигурни дека тие и не би се ангажирале претерано барајќи литература со насоки за помош. Имајќи го предвид тоа, ве повикуваме вас, кои сте најблиски со нив, да ги споделите информациите од овој текст.
Едноставни и корисни совети за сите нас, не само за нашите млади. Прочитајте, така и вам ќе ви е многу полесно да препознаете дали има потреба да „интервенирате“ и да придонесете кон подобро расположение на вашите сакани.

Вашата анксиозност е сосема нормална
Ако ве вознемируваат затворањето на училиштата и загрижувачките наслови на телевизија и на интернет – не сте единствените. Всушност, така и треба да се чувстувате, тоа е сосема нормално. Психолозите сметаат дека анксиозноста е нормална и здрава функција која ни дава сигнал дека треба да преземете нешто за да се заштитите. Анксиозноста помага во донесувањето на одлуки кои се добри за вас во овој период. Иако анксиозноста поради пандемијата е нормална, погрижете се да добивате информации од сигурни извори и препроверувајте ја секоја сомнителна информација, за да не се доведете го поголема заблуда и да се разбуди страв.
Ако почувстувате дека сте анксиозни, важно е најпрво да ги известите родителите/старателите. Докторите препорачуваат за секоја загриженост во врска со корона вирусот да зборувате со повозрасно лице кое може да ви помогне. Воспоставете и телефонски или интернет контакт со психолог. Доколку забележите појава на некој од симптомите на корона вирусот, консултирајте се со лекар.
Правете работи кои ви го одвлекуваат вниманието
Она што најмногу може да биде од помош во целава ситуација, се активностите кои ви го одвлекуваат вниманието. Правете го она што го сакате, гледајте филм, слушајте музика, читајте книга, завршете ги училишните активности. Едноставно, правете сѐ што ќе ви го олесни секојдневието и ќе ви помогне да воспоставите рамнотежа со новите случувања.
Најдете нови начини да се поврзите со роднините и пријателите
Сакате да поминувате повеќе време со пријателите без подголг физички контакт? – Социјалните мрежи се одличен начин на комуникација со оние кои ги сакате. Сепак, обидете се да го ограничите времето на користење на социјалните мрежи и не ги користите за непотребни нешта. Не поминувате премногу време на интернет, бидејќи тоа може да ја зголеми анксиозноста. Најдобро е однапред да го организирате времето заедно со родителите.
Фокусирајте се на себе си
Подолго време посакувате да научите нешто корисно и интересно, да прочитате книга, да гледате некој филм, едноставно да го правите она што ве исполнува? – Сега е вистинско време за тоа. Фокусирањето на себе си и пронаоѓањето на нови активности како да го искористите слободното време се одличен начин на грижа за менталното здравје.
Поврзете се со чувствата
Ви недостигаат моментите и настаните со пријателите? – Тоа што не можете да следите спортски натпревар во живо, да одите на концерт, на забави, да го гледате новиот филм во кино и слично, е навистина разочарувачки и вознемирувачки за сите, а најмногу за вас тинејџерите. Најдобриот начин да се справите со разочарувањето е да си дозволите да го почувствувате. Кога станува збор за носталгични емоции, единствениот излез е да ги ослободите од внатре. Слободно бидете тажни – ако си го дозволите тоа, за брзо ќе се чувствувате подобро.
Секој ги процесира своите чувства на различен начин. Некои деца цртаат, некои разговараат со своите другари преку интернет или телефон. Споделете ја заедничката тага со некој кој се чувствува исто како вас за да се почувствувате поврзани со некого во овие моменти кога не можете да бидете заедно. Важно е да го правите она што мислите дека е правилно и корисно.
Бидете љубезни кон себе и кон другите
Во екот на пандемијата, некои тинејџери се соочуваат со интернет насилство. Најдобар начин да се реши секое малтретирање е да го споделите она што ви се случува. Повозрасните може да ве охрабрат да побарате помош од стручни лица.
Ако забележите дека ваш другар е малтретиран преку интернет, обидете се да му понудите поддршка. Вашите зборови може да направат промена. Затоа, сега најмногу од секогаш, внимавајте што зборувате за тоа да не повреди никого.
Препорака од нас за вашите тинејџери:
Дополнително, ве советуваме да внимавате на исхраната и физичката активност. Секогаш кога сте во можност, вежбајте дома барем по 20 минути дневно. Тоа ќе ви ги оттргне мислите од секојдневието, а и ќе ви даде можност да се посветите на својата физичка состојба. Внесувајте разновидна храна богата со потребните материи. Практикувајте релаксирачки методи, како јога, медитација и слично. Дополнително, ви препорачуваме по потреба да земате и додатоци на исхраната. Еве кои додатоци се најдобар избор:
Холин и инозитол се дел од комплексот на Б-витамини кои учествуваат во формирање на клеточната мембрана и имаат клучна улога како невротрансмитери. Холинот е неопходен за нормален пренос на синаптика, здравје на мозокот и метаболизмот на масните киселини во црниот дроб. Инозитол е исто така од суштинско значење за здравјето на мозокот и нервниот систем. И холинот и иноситолот се есенцијални компоненти на сите клеточни мембрани. Choline & Inositol претставува поддршка на здрава трансмисија на нервите.
Methyl Folate е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за основните функции на организмот како нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери, ДНК и крвни клетки. Навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје. Освен што го поддржува менталното здравје, Methyl Folate помага при анемија, детоксикација на организмот и за подобро апсорбирање на витамин Б12.
L-Tryptophan е есенцијална амино киселина што значи дека не е синтетизирана од организмот и мора да биде добиена од исхраната. L-Tryptophan го помага производството на серотонин и мелатонин, кои помагаат да се поддржи позитивно расположение, здрав сон и соодветна функција на имунолошкиот систем. Во метаболизмот учествува како градивен дел на протеините. Земањето на L-Tryptophan има позитивни ефекти против несоница, кај поблаги облици на депресија и при регулација на телесната маса.

Сите горенаведени додатоци на исхраната за поддршка на менталното здравје може да ги нарачате со бесплатна достава преку онлајн продавницата на Тримекс. Истите ги има и во поголемите аптеки низ земјата.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: 6 совети за побрзо опоравување после корона вирус.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.