Одличната фотографија ни покажа дека станува збор за многу вкусно јадење, па решивме да го објавиме рецептот за испробаната ролована гибаница на Ирена. Кристал има широка палета на производи, а Ирена ја искористи таа можност и создаде гарантирано вкусно залче за секое семејство.
Не без причина е награден рецептот, па ајде да видиме како се прави!

Состојки:
- 500 гр кори за гибаница
За смеса за попрскување:
- 150 мл масло Кристал
- 150 мл кисела вода
- 150 мл млеко
- 1 коцка свеж квасец
- 2 лажици вински оцет Кристал
- 2 лажици пченкарно брашно Кристал
- 2 лажици бело брашно
- 1 лажичка шеќер
- 1/2 лажичка сол
За фил:
- 300 гр изварка
- 3 јајца
Дополнително:
- 50 гр првокласен маргарин Кристал за полевање одозгора
- 1 лажица за подмачкување на тавата
- 1 јајце дополнително за во смесата за попрскување
- малку сусам Кристал за наросување.
Подготовка:
- Сите состојки набројани во листата за смесата за попрскување, почнувајќи од маслото Кристал, па завршно со солта, се ставаат во подлабок сад, се матат со жица и се добива смеса за попрскување.
- Се земаат 3 кори и една по една, секоја од нив се попрскува со смесата и се редат една врз друга.
- На третата кора на крајот се распоредува по должина од претходно направениот фил од изварка измешана со 3-те изматени јајца, па се витка ролат и се става во тава подмачкана со Кристал маргарин.
- Постапката се повторува со сите кори, а на крај ролатите се сечат на парчиња и со силиконско четче се премачкуваат со растопен првокласен маргарин Кристал.
- Во остатокот од смесата за попрскување се мати уште 1 јајце и се полева врз ролатите, а потоа се наросува со сусам од Кристал.
- Се остава да отстои 30 минути, па се пече 35-40 минути на температура од 200 степени. Пријатен апетит!
Рецептот го испратил: Ирена Колевска Стојкоска.
Ви препорачуваме да прочитате: Гибаница со готови кори и изварка.