За многу кратко време на вашата трпеза ќе се најде оваа вкусна богата салата од печурки и телешко, која е многу погодна за секакви прослави. Во продолжение повелете рецептот.
Салатава се подготвува многу лесно и нема да ви одземе многу време, а слободно може да ја користите за време на вашите имендени, родендени, куќна слава или било каков повод, секогаш кога и да посакате. Вкусот е интересен и близок до сетилата на дегустаторите, па гарантираме дека нашиот предлог за салата со печурки и телешко месо ќе им се допадне и ќе посакаат уште!

Состојки:
- 1 тегла (720 мл) шампињони
- 700 гр телешко месо
- 10 кисели краставички
- 1 тегла (720 мл) мајонез
- 1/2 лажица црн пипер
- 2 лажици сенф
- 150 гр кашкавал.
Подготовка:
- Телешкото месо сварете го во вода во која сте додале малку сол, а потоа исечете го на коцки.
- Краставичките, кашкавалот и шампињоните, исто така исечете ги на коцки.
- Во подлабок сад ставете ја смесата и додајте ги мајонезот, сенфот и црниот пипер, па убаво измешајте.
- По желба во салатата може да се стави и половина главица кромид, кој е добро да е ситно исечкан или изблендиран. Тоа ќе и даде поизразен вкус побогат вкус, но доколку не сакате да ставате не морате.
Рецептот го испратил: Даниела Џогова.