Ем свежо, ем кремасто! Пробајте ја нашата брза и свежа кремаста салата со семиња. Одлична е за разни прилики, од обични пригоди до свечени прослави! Матури, родендени, имендени и куќни слави, сите тие се „адреси“ на кои може да ја сервирате!
Да ви дадеме идеја плус, освен како брзо и превкусно мезе, често пати ја користиме и како оброк за на работа. Вкусот трае, а и хранлива е. Инспирацијата дојде во еден момент кога требаше да припремиме нешто брзо, па разгледавме по полиците дома, посегнавме по семињата на Natura и направивме совршено добра салата за сите генерации!

Состојки:
- 1/4 чаша (60 грама) варено и исцедено просо
- 50 грама бело сирење
- 1 краставица
- 180-200 мл павлака
- 1 лажиче чиа семе од Natura
- 5-6 лажички (околу 20 грама) интегрален сусам од Natura
- 30 грама лупен сончоглед од Natura
- сол по вкус.
Подготовка:
- Најпрво сварете го просото во поголема количина на вода, а потоа исцедете го.
- Во меѓувреме издробете го или изрендајте го сирењето. Краставицата измијте ја, излупете ја и исечете ја на ситни коцки.
- Во поголем сад ставете го претходно припременото просо, сирењето и краставицата. Додајте ги чиа семето, интегралниот сусам и лупениот сончоглед. Малку измешајте.
- На крај додајте ја и павлаката и измешајте убаво додека сите состојки се соединат и се оформи изедначена смеса. Сервирајте и на здравје!
Во продолжение погледнете ги фотографиите со нашите идеи за различно сервирање, а наскоро ќе следат и подетални насоки!


Ви препорачуваме да прочитате: Посни Велигденски зајачиња со 5 семиња.