Здрава салата за сите генерации! Овој пат во нашата кујна ви приготвивме здрава и свежа салата со печурки и чија семе, која може да ја послужите заедно со ручекот или како самостоен оброк.
Брзо и лесно се приготвува, а направена е од најздравите состојки. Вегетаријанска, без глутен и посна. Пробајте ја!

Состојки:
- 200 грама маринирани печурки, буковка или по избор
- 6 – 7 поголеми листови марула
- 1/2 трупка по желба
- свежо цеден сок од ¼ лимон
- куркума по вкус
- 1 мала лажичка чија семе
- 1 лажица ладно цедено сончогледово масло за пржење
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Печурките ги цедиме од течноста.
- Во нелеплива тава на оган го ставаме маслото да се загрее. Во загреаното масло ги додаваме маринираните печурки. Ги запржуваме од двете страни за време од 4 до 5 минути. Печурките ги вадиме од тавата.
- Марулата ја миеме и ја сечкаме.
- Трупката ја сечеме на мали коцки.
- Во длабока чинија ја ставаме сечканата марулка, трупката, сокот од лимон, куркума, чија семето, посолуваме по вкус и наросуваме мелен црн пипер. Состојките ги мешаме и додаваме малку ладно цедено масло.
- Салатата ја сервираме во две чинии. Врз неа ставаме од пржените печурки. Декорираме со парчиња лимон. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Бела салата со печурки и краставици.