Свински медаљони во сос од печурки

Одлична идеја за малку несекојдневен ручек! Понекогаш е добро самите себе да си овозможиме мали „третмани“, па макар било тоа и чинија добра храна. Направете свински медаљони во сос од печурки кои совршено се надополнуваат со изобилството на зеленчуци со кои може да комбинирате. Секој би сакал да проба, нели?

На лесен и разбирлив начин ви прикажуваме како да направите вкусни свински мадаљони во вашиот дом. Убави се за денови кога имаме малку време за готвење и сакаме вкусно јадење. Може да ги послужите за ручек или вечера, во комбинација со обарен или варен зеленчук, како и свежа салата по избор.

свинско филе во сос од печурки

Состојки:

  • 350 г свинско филе од Агриа
  • 3 лажици маслиново масло
  • малку црвена пипер
  • сол и црн пипер по вкус.

За сос:

  • 200 г свежи печурки
  • 1 лажица путер
  • 1 лажичка сенф
  • 2 поголеми чешниња лук
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 лажица брашно
  • 250 мл вода или бујон
  • 1 лажичка сечкан магдонос.

Дополнително:

  • масло за пржење.

Подготовка:

  1. Шампињоните измијте ги и исечкајте ги на парчиња. Лукот исчистете го и ситно исечкајте го.
  2. Свинското филе измијте го со ладна вода и исушете го со кујнска крпа. Исечете го на парчиња дебели 3 см и притиснете ги со дланката за да се формираат медаљони. Додајте сол и црн пипер на секое парче месо и посипете со мелен црвен пипер. Ставете го маслиновото масло во тава на тивок оган да се загрева. Наредете ги медаљоните и пржете додека да поруменат. Извадете го месото во посебен сад.
  3. Бујонот подгответе го според упатството. Ако користите вода ставете ја да се загрева.
  4. Во тавата во која се пржело месото додајте 1 лажица путер. Кога ќе се растопи, додајте ги исечканите печурки и пропржете ги. Потоа, додајте го сечканиот лук и сенфот. По неколку минути ставете една лажица брашно и промешајте. Додајте ја загреаната вода или подготвениот бујон и мешајте додека сосот се згусне. Ставете сол и црн пипер по вкус.
  5. Вратете го месото во тавата, посипете со магдонос и варете околу 10 минути. Густината на сосот може да се прилагоди со додавање на вода.
  6. Свинските медаљони послужете ги додека се топли со обарен зеленчук по избор. На здравје!

Совети плус:

  • По желба, во сосот може да ја намалите количината на вода и да додадете малку павлака.
  • За подготовка на рецептот можете да користите и свински кременадли. За што и да се одлучите секогаш купувајте свежо месо од проверени производители, а наша препорака се Агриа. Ако се прашувате зошто ви ги препорачуваме токму нив, има причина. Свежото свинско месо им е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица, фабрика за производство на сточна храна и лесно достапни месарници ширум земајата. Пробајте го свежото месо од Агриа, нема да згрешите!
свинско филе во сос од печурки

Ви препорачуваме да прочитате: Печени свински кременадли со кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: