Силен имунитет, основа за добро здравје – природни начини прв избор

Силен имунитет е основен предуслов за здравјето на човекот, како и за долг и квалитетен живот. Ако е ослабена активноста на имунолошкиот систем, поподложни сме на разни инфекции, а неговата зголемена активност значи предиспозиција за алергии и таканаречените автоимуни заболувања. Оттука и нашата мотивација да ве потсетиме и да ви сервираме нови информации и препораки, за кои упатуваме благодарност до Д-р Нела Деспотовска која секогаш ни е на располагање и поддршка.

Што е имунитет и зошто е важен? – Човековиот организам е во постојан контакт со бактерии, вируси и хемикалии. Изложен e на зрачења и загадувања од различна природа. Со цел да се справи и да остане во хармонија и добро здравје, од најголемо значење е неговата способност да се одбрани од овие штетни влијанија. Механизмот кој е задолжен да ја обавува оваа примарна задача за одбрана на нашиот организам е имунолошкиот систем. А, основа на имунолошката реакција е да го препознае “непријателот” и да го неутрализира/отстрани од организмот.

Силен имунитет, основа за добро здравје - природни начини прв избор

Што го намалува имунитетот?

Бројни причинители можат да го ослабат функционирањето на нашиот систем за одбрана: долги и тешки болести, стрес, исцрпеност и хроничен замор, несоодветен начин на исхрана при која е намалено внесувањето на некои хранливи материи, витамини, минерали и антиоксиданси, потоа лошо расположение (песимизам), нехигиена, како и животен стил со недоволна физичка активност. Пушењето и други штетни навики исто така влијаат на намалување на имунитетот.

Имунолошкиот систем и возраста

Како што старееме, способноста за добар имунолошки одговор станува намалена. Како водечка причина за смрт кај луѓето над 65 години ширум светот се респираторните инфекции, грипот, вирусот КОВИД-19 и пневмонијата. А покрај нив, кај постарите лица посебно е изразено влијанието на врската помеѓу исхраната и имунитетот. Интересно и често за повозрасните лица е еден вид/форма на неухранетост, која е изненадувачки честа дури и во богатите земји е позната како „неухранетост со микронутриенти“. Што со други зборови значи, дека постарите луѓе забораваат да се грижат доволно за себе и не јадат доволно свежа храна. Ваквата состојба укажува на тенденција да јадат помалку и почесто, плус имаат помала разновидност во нивната исхрана, што на долг рок ги доведува во дефицит на микронутриенти.

Како на едноставен и природен начини да го зајакнете имунитетот?

  • Спијте доволно и намалете го стресот. Недоволното спиење и изложеност на стрес го зголемуваат лачењето на некои хормони кои го намалуваат имунитетот.
  • Јадете многу зеленчук, овошје, јаткасти плодови и семиња. Тие ќе го снабдат организмот со неопходните материи за зајакнување на имуниот систем.
  • Доколку има можност, излезете на сонце. Сончевите зраци го овозможуваат создавањето на витаминот D во кожата. Ниското ниво на витамин D го зголемува ризикот од респираторни инфекции, грип и настинка.
  • Јадете лук. Лукот има состојки кои имаат широк антимикробен спектар и состојки што го зајакнуваат имунитетот.
  • Пијте помалку алкохол. Прекумерното пиење го намалува имунитетот и го зголемува ризикот од инфекции на белите дробови.
  • Бидете физички активни. Со редовната физичка активност се подобрува циркулацијата, т.е се зголемува протокот на крв низ органите. Тоа овозможува имуните клетки да се движат низ телото и да го одбрануваат од бактерии и вируси.
  • Земајте додатоци во исхраната. Се препорачува секогаш кога сме во можност да им дадеме предност на свежите намирници (овошје, зеленчук) како и на свежо подготвената домашна храна. Но секако не можеме сите потребни нутриенти секогаш да ги внесеме преку храната во оние количини кои му се потребни на организмот. Затоа, од голема помош се додатоците на исхраната. Се препорачува нивно консумирање при појава на болест, при закрепнување на организмот, како и во сите состојби на намален имунитет. Од додатоци кои се достапни кај нас и ја поддржуваат функцијата на имунолошкиот систем го препорачуваме Quercetin with Bromelain од Now. Кварцетинот е природен чистач на слободните радикалии поддржува здрава сезонска функција на имунолошкиот систем и помaга во одржување на нормалната респираторна функција. Додатокот Quercetin with Bromelain од Now го поддржува здравјето на дишните патишта во текот на целата година и е вегански производ, без ГМО. Ако ви треба, можете да го нарачате преку онлјан продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна.
Силен имунитет, основа за добро здравје - природни начини прв избор

Предупредување: Додатокот е само за возрасни. Не го користете овој производ ако имате алергија на ананас. Консултирајте се со вашиот лекар пред да го користите овој производ ако земате други лекови на рецепт. Консултирајте се со лекар ако сте бремени/доилки или имате дисфункција на бубрезите.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најдобри природни антихистаминици кои ја ублажуваат алергијата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: