Сируп од коприва како домашен еликсир за прочистување на крвта 1

Сируп од коприва како домашен еликсир за прочистување на крвта

Може да се каже дека не постои народна медицина во која не се користи оваа лековита билка. Но освен како составен дел на исхраната, постои начин да ја припремите во вид сируп од коприва, кој е здрав, освежителен и вкусен напиток!

Копривата има способност значително да го зајакне имунитетот, а влијае многу поволно и во борбата со различни здравствените проблеми. Обично е позната по високото ниво на железо, но нејзината успешност се покажала голема и во борбата против реуматските заболувања, па и артиртисот. Семето од коприва може да се користи како природен лек за крвта, а тука може подетално да дознаете многу повеќе за тоа. Ако сакате да дознаете повеќе за корисните својства на копривата кликнете тука.

Сируп од коприва како домашен еликсир за прочистување на крвта 2

Потребно:

  • 750-1000 мл вода
  • 3-4 грста коприви
  • 300 гр шеќер
  • 1 лимон
  • мед по потреба.

Подготовка и начина на употреба:

  1. Копривите измијте ги и обарете ги заедно со шеќерот, па оставете ги да отстојат.
  2. Додајте го свежо цедениот сок од лимон и мед по вкус.
  3. Добиената течност процедете ја и чувајте ја во затворено шише на ладно и темно место.
  4. Пијте по 2-3 лажици на ден или растворајте го сирупот со вода. Овој еликсир ќе им помогне на вашите крвни садови да се чисти и здрави.

Ви препорачуваме да прочитате: Чај од коприва против кашлица и слаба крв.

Сподели: