Извонредно задоволство да се јаде и големо уживање за да се подготви! Овој сладок посен колач со моркови е одличен десерт за секое време од денот!
Ни доаѓа од кујната на Невена, а ако редовно ги следите нашите рецепти, сигурно знаете дека тоа е еден вид гаранција за одличен вкус! Израдувајте ги домашните, направете им нешто вкусно и навистина несекојдневно.
Состојки:
- 200 гр брашно
- 90 гр нишесте
- 170 гр шеќер
- 400 гр рендани моркови
- 60 гр дробени фстаци
- 6 големи лажици вода
- 100 мл масло
- 1 кесичка прашок за печиво
- рендана кора од лимон.
Подготовка:
- Во поголем длабок сад се ставаат сите состојки и се мешаат.
- Смесата се става во намрсен правоаголен калап (30х11) или обложен со пекарска хартија.
- Така припремено, се става да се печи во загреана рерна на 180 степени, за време од 45-50 минути.
- Откако убаво ќе се излади, се посипува со шеќер во прав и се сервира.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден колач со мед.