Обожаваме десерти во кои главна состојка е овошјето, па одлучивме да го споделиме со вас рецептот за слатки похувани јаболка.
Нашата пријателка Лана секогаш изненадува со несекојдневни рецепти. Го најдовме овој десерт на нејзiниот блог, го испробавме и решивме дека вреди да ви го доловиме вкусот, така што ќе ви го опишеме процесот на подготовка. Па, ајде да почнеме.

Состојки:
- 1 чаша брашно (150 г)
- прстофат сол
- 1 лажица шеќер
- 1 чаша млеко (2 дл)
- 1 јајце
- 1 лажица рум (не е задолжително)
- 2-3 кисели јаболка
- шеќер и цимет по желба.
Подготовка:
- Во сад ставете ги брашното, солта, шеќерот, јајцето, млекото и румот. Сите состојки убаво измешајте ги со жица за да добиете шлафрок (смеса слична како онаа за палачинки, само малку погуста) без грутки. Ако е потребно, може да додадете уште малку млеко и брашно.
- Излупете ги јаболката и исечете ги на кругови до дебелина од 0,5 цм. Со помош на нож извадете го средишниот дел.
- Во тавче загрејте малку масло. Доволно е да ставите масло колку да не се залепат јаболката во текот на печењето.
- Исечените јаболка, едно по едно потопете ги во претходно припремената смеса.
- Така припремените јаболка ставете ги во маслото и пржете ги кратко од едната страна колку да заруменат, па превртете ги од другата.
- Откако ќе се испржат, јаболката ставете ги на кујнска хартија која ќе го впие вишокот на масло.
- За подобар вкус, поросете ги јаболката со шеќер во прав и цимет по желба.
Ви препорачуваме да прочитате: Амарети – брзи суви колачи со бадеми.