Започни го денот со чаша здравје! Направи си вкусно смути со праски и банана. Сезоната на праските е во полн ек, па ги искористив за да направам хранливо смути – богато со растителни влакна и протеини. Дава ситост, енергија и е одлично за почеток на денот. Може да се направи со млеко или растиелно млеко по избор, а како и да го направиш, вкусот е фантастично добар.
Збогатено е со инулин за подобра дигестија и обновување на микрофлората по летните одмори.

Состојки:
- 1,5 чаша млеко (може и растително – бадемово или кокосово)
- ½ чаша грчки јогурт
- 1 замрзната банана
- 2 чаши замрзнати праски
- 2 лажици мед
- 1 лажичка екстракт од ванила
- ¼ лажичка цимет
- 1 лажица инулин од NOW.
Подготовка:
- Во бледнер ставете ги состојките: млекото, јогуртот, бананата, праските, медот, ванилата и циметот.
- Започнете со блендирање на мала брзина, а потоа постепено зголемувајте ја. Блендирајте околу 50-60 секунди.
- Смутито ставете го во чаши и послужете го. На здравје!
Совети плус:
- Смутито може да го чуваш во фрижидер по рок од 1 ден, а ако ти остане замрзни го и искористи го во период од 1 месец.
- Наведените состојки се за 2-4 чаши смути, а по потреба може да ја намалиш количина.
- Ако ти се допадна ова смути, замрзни си праски и прави го преку целата година.
Што е инулин и зошто се додава?
Инулинот е раствориливо пребиотичко влакно кое се добива од сина агава. Како што се движи низ дигестивниот систем, инулинот ги храни добрите бактерии во цревата и го чисти телото од штетни честички, го апсорбира холестеролот и прави да се чувствуваме сити. Повеќе за придобивките може да прочиташ тука: Инулин за подобро варење и баланс на микрофлората во цревата.

Инулинот го набавувам од онлајн продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава, а исто така е достапен во сите поголеми аптеки. Сега е на попуст, па препорачувам да го набавиш и да го подобриш здравјето на дигестивниот систем.
Може да се користи во подготовка на различни рецепти, па ти препорачувам некои од нив:
- Појадок за 5 минути – овесен оброк збогатен со инулин
- Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Милкшејк од банана и јагоди за 5 минути.
За повеќе рецепти и идеи посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
*Рецептот е овозможен од vitamini.mk