Често пати се случува да приготвиме повеќе храна отколку што било потребно, па истата останала. Не се препорачува приготвената храна да стои во ладилник повеќе од 48 часа, па за да не ја фрлите, замрзнете ја. На тој начин ќе заштедите време за подготовка на различни рецепти, но и пари. Затоа, следете ги овие практични совети за замрзнување на приготвена храна.
Понекогаш е добра идеја, доколку имате повеќе време на располагање, да ја дуплирате дозата во рецептот, а останата храна да ја замрзнете. Истата ќе може да ја искористите кога немате време за готвење или едноставно не сте расположени за тоа. На овој начин ќе заштедите околу 50% од вашето време.
Пред да започнеме да ве запознаеме со некои основни правила. Зеленчукот пред замрзнување најдобро е кратко да го бланширате. Зеленчуците како компири, зелка, краставица, зелена салата, магдонос, лубеница, содржат голема количина на вода и не се погодни за замрзнување.

Замрзнете ја преостанатата смеса за мафини
Кога правите мафини можеби ви се случило да ви остане повеќе смеса. Потребната количина од смесата испечете ја, а преостанатата може да ја замрзнете да ја искористите подоцна.
Имате повеќе вафли? Искористете ги за брз појадок
Можете да замрзнувате и вафли. Тие се одлични за брз појадок наутро. Само ставете ги во тостер, па штом се топли, послужете ги за јадење.
Ако ви останало доматно пире или сос замрзнете го во калапи за мраз
Преостанатата храна од вашиот појадок како што се доматно пире, зеленчукова супа и разни сосови можете да ги замрзнете во калапи за мраз. Вака замрзнатите коцки подоцна може да ги додавате во разни рецепти.
Сте направиле поголема количина на тестенини?
Доколку сте направиле поголема количина на тестенини, вишокот може да го замрзнете. Додека сѐ уште им немате додадено сос, оставете ги да се изладат и замрзнете ги во соодветна амбалажа. Најдобар избор за тоа се кесите со херметичко затворање или пак пластичните садови кои се означени дека може да се користат за во замрзнувач. Подоцна, кога ќе сакате да ги употребите доволно е само една минута да ги зовриете и да добите вкусни свежи тестенини.
Кога замрзнувате тестенини кои подоцна ќе ги печете секогаш гответе ги ал денте. Тестенините термички ќе се дообработат кога ќе го готвите финалниот рецепт.
Секогаш имајте свежи зачини при рака, со овој трик
Кога сакате да замрзнете свежи зачини или други билки, најдобро е да ги ставите во калапи за мраз. Потоа, во калапот ставете го омиленото масло или вода и замрзнете ги.
Ви останало кафе?
Преостанатото кафе може да го замрзнете го во калап за мраз. Подоцна, коцките искористете ги за ледено кафе.
Ви предлагаме да прочитате: 7 совети за правилно замрзнување на храната.