Совети и потребно време за подготовка на сочно свинско месо

Совети и потребно време за подготовка на сочно свинско месо

Свинското месо е често застапено на трпезите, особено во зимскиот период. Претставува уживање за секој гурман и љубител на готвењето. Од него може да се подготват многу специјалитети кои можат да ја збогатат трпезата. Сте правеле ли досега? Знаете ли колку време е потребно за подготовка на сочно свинско месо? 

Секоја помалку искусна домаќинка или домаќин, се соочува со прашањето колку време е потребно за подготовка на добро свинско месо, а притоа да биде вкусно и меко? – За да ви помогнеме ви откриваме неколку совети за подготовка на сочно свинско месо. Применете ги советите и изненадете го вашето семејство со вкусен специјалитет.

Совети и потребно време за подготовка на сочно свинско месо

Колку време е потребно за да се подготви свинско месо?

Времето за готвење најчесто се одредува според количината на месото и начинот на подготовка. Ако сакате да направите богата чорба, прелијте го месото со ладна вода и варете на тивок оган. Повремено отстранувајте ја пената што се формира од згрутчените протеини. Во сад, свинското месо со тежина од околу 1 кг се готви околу 120-180 минути, откако водата ќе зоврие. Истата количина на месо, но ставена во експрес лонец, ќе биде готово за околу 40-50 минути, од моментот кога ќе почне да испушта пареа.

Сепак, пред да почнете со подготовка на свинско месо, треба да знаете и некои трикови кои ќе ви помогнат да го направите највкусниот ручек:

Користете зачини при подготовката

Зачините го збогатуваат и интензивираат вкусот на свинското месо. Но, изборот на зачини зависи од парчето месо и начинот на подготовка. Некои зачини подобро е да се додаваат кога месото се вари или динстува, а други кога се пече или подготвува на скара.

Може да ве интересира: Кои зачини да ги користите за подготовка на свинско месо.

Направете маринада и маринирајте го месото 

Постојат две главни причини зошто месото треба да се маринира: го омекнува и го подобрува вкусот. А, дали до сега сте слушнале дека различните делови од месото се групираат во две категории во зависност од нивната мекост? – Тоа е важно да го знаете при подготовката на маринада.

Може да ве интересира: Водич за маринирање на свинско месо.

Наша препорака:

Изборот на квалитетни состојки е клучен за вкусно јадење. Од нашето позитивно искуство со квалитетно свежо месо може да ги препорачаме Агриа. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свежо свинско месо. Посетете ги нивните месарници во Битола, Штип и Велес и уверете се во квалитетот на месото. Свежото свинско месо од Агриа може да го најдете во и Тинекс и Рамстор маркетите.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести грешки кои ги правиме при пржење на месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: