Сок од малини без варење

Во лето има најразновидно и највкусно овошје, нели? Сите ние ја користиме секоја прилика да уживаме во вкусот на летните плодови. Едно од многуте слатки овошја е и малината за која веруваме дека е најомилена кај децата. А што кога ќе помине летото и ќе заврши сезоната на малините? – За да не го заборавиме нивниот вкус и во зима супер би било да си направиме домашен сок од малини без варење.

Но, пред да започнеме со тоа, да ве запознаеме малку подетално со малините. Малината е бобичесто овошје чие латинско име е Rubus idaeus. Претставува зелјеста билка од семејството ружи. Се верува дека потекнува од Јужна Азија. Уште од дамнешни времиња, малината била ценета како лековита билка, а има и зошто. Имено, малината е богата со нутриенти и има широк спектар на лековити својства.

сок од малини без варење

Богата е со антиоксиданси, содржи витамин Ц, како и ресвератрол кој го успорува стареењето и елагична киселина која делува антиканцерогено. Во нејзиниот состав има и растителни влакна, фолна киселина, витамин К, витамин Е, манган, магнезиум, бакар, калиум и омега 3 масни киселини.

Редовната консумација на малина ја разубавува кожата, ја зајакнува косата, го подобрува здравјето на дигестивниот и кардиоваскуларниот систем, го зајакнува имунитетот и штити од воспаленија. Малината го намалува дејството на на слободните радикали и штити од рак на дебело црево, дојка, матка и простата. Ако ги сакате директно да ги наберете од вашата градина, научете како да одгледате малини.

Сега, откако дознавме малку за здравствените придобивки, време е да си направиме домашен сок од малини без варење. Така ќе можеме да ги искористиме придобивките на малините и во зима.

Состојки:

  • 3 ½ кг малини
  • 600 мл вода
  • 3 лимони, исечени на парчиња
  • 600 г кафеав шеќер (може мед или друг засладувач по желба)

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги малините и исцедете ги од водата.
  2. Малините ставете ги во длабок сад и испасирајте ги со виљушка.
  3. Во садот со пасираните малини додајте 600 мл вода и измешајте со поголема лажица.
  4. Потоа во садот додајте ги кафеавиот шеќер и сечканите лимони.
  5. Добро измешајте ја целата смеса.Оставете ja да отстои најмалку 12 часа во покриен сад во фрижидер.
  6. После тоа, сокот процедете го низ газа или многу ситно цедило, настојувајќи да го искористите целиот сок.
  7. Процедениот сок ставете го во стерилизирани стаклени шишиња. Шишињата добро затворете ги.
  8. Шишињата сок чувајте ги на темно и ладно место. Послужете го со коцки мраз, парчиња лимон и свежо нане. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Џем од малини на француски начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: