Меки и сочни со богата арома на Стоби флипс и кикирики! Посните солени бомбици со Стоби флипс се идеални за мезе, лесно предјадење, а совршено се вклопуваат на празнични трпези.
Подготовката е едноставна, за 30-тина минути ќе добиете 20 вкусни бомбици. Следете ги инструкциите и дегустирајте нов интересен рецепт кој е испробан во нашата кујна.

Состојки:
- 1 чаша варени пасирани компири
- 40 грама Стоби флипс
- 50 грама пржени или печени кикирики
- 1 лажица посен Витанез
- сол и мелен црн пипер по вкус.
За валање на бомбиците:
- 100 грама кикирики
- 20 грама Стоби флипс.

Подготовка:
- Стоби флипсот и кикириките ставете ги во сечко и измелете ги.
- Во длабока чинија ставете ги пасираните компири, мелените Стоби флипс и кикириките, Витанезот и зачинете со сол и мелен црн пипер. Измешајте ја смесата и формирајте бомбици со големина на орев.
- Кикириките и Стоби флипсот за валање ставете ги во сечко и измелете ги. Смесата ставете ја во чинија.
- Бомбиците валајте ги во смесата од кикирики и Стоби флипс. Готовите бомбици со Стоби флипс сервирајте ги и послужете ги со сос од Витанез.
Совет плус: За да заштедите време, наместо варени компири користете Инстант пире од компири од Витаминка.
Ви препорачуваме да прочитате: Крем салата со Стоби флипс.
*Спонзориран рецепт