Во последните години слатките традиционални кнедли доживуваат разни измени во составот и вкусот. Па така, сега можат да се најдат и многу рецепти за солени кнедли, а не само благи. А, еве од нас еден предлог за подготовка на кнедли со спанаќ.
Познато е дека голем дел од децата не се љубители на спанаќ. За да го засакаат овој здрав зеленчук, вклучете ги и нив во подготовката на овие солени кнедли. Прилично се лесни за правење, а веднаш штом ги пробате, нивниот вкус ќе ве наведе да ги вметнете во менито. Нема да погрешите и ако ги послужите и во некоја посебна прилика.

Состојки:
- 500 г компири
- 250 г брашно
- 30 + 50 г путер
- 1 јајце
- сол по вкус
- 1 л вода.
За фил:
- 250 г крем сирење
- 1 чаша сечкан спанаќ
- 50 г мелени бадеми.
За похување:
- 150 г лебни трошки
- 1/3 лажичка сол
- 1 лажичка сув магдонос
- 50 г мелени бадеми
- 50 г путер.
Подготовка:
- Излупете ги компирите и ставете ги да се варат.
- Откако компирите ќе се сварат, истурете ја водата. Во компирите додајте 30 г путер и убаво изгмечете со виљушка. Оставете да се излади.
- Во тава растопете 50 г путер. Додајте ги останатите состојки за похување и кратко пропржете за смесата да се соедини, па тргнете ја тавата од рингла.
- Во длабок сад ставете ги крем сирењето, спанаќот и мелените бадеми. Измешајте ги и оставете ги 10-20 минути во фрижидер.
- Во садот со пасираните компири додајте 50 г растопен путер, брашното, јајцето и солта. Од состојките направете тесто.
- Тестото поделете го на 15-20 дела за да добиете кнедли со големина по желба. Во средината на секој дел ставете од филот. Завиткајте во топка и убаво затворете го тестото од сите страни за да не истече филот. Постапката повторете ја со останатото тесто.
- Во тенџере на оган ставете ја водата и малку сол. Оставете да зоврие.
- Кнедлите валкајте ги во смесата за похување и варете ги во водата додека не испливаат на површината на тенџерето.
- По желба наросете ги со рендан кашкавал или сирење и свеж магдонос. Послужете ги топли или ладни, со јогурт или павлака!
Ви препорачуваме да прочитате: Здрава торта од моркови.