Сигурни сме дека во кујната имате Брилијант масло, а дали знаете дека освен за готвење може да го искористите и за нега на лицето? Сончогледовото масло е сојузник на убавата кожата. Може да го искористите против брчки и акни, во замена на „крем“ за околу очи или пак како маска против стареење.
Дознавме дека го намалува црвенилото, иритацијата на кожата, а добро е да се користи и при егзема. Штом се нанесе на кожата има улога на хидратант. Па, ајде да започнеме со домашните ритуали посветени на убавината.

Сончогледово масло против брчки
Сончогледовото масло може да се нанесе директно на кожата, а често се користи во бебешките производи наменети за нега на најосетливата кожа. Помага за да се зачува влажноста на кожата, а е богато со витамините Е, А, Ц и Д. Нанесете го директно на кожата и почувствувајте ги антиоксиднтните придобивки.
Барате решение против акните? Можеби тоа се крие во вашата кујна
Благодарение на витамините, масните киселини и антиоксидансите кои ги содржи сончогледовото масло, истото може да се користи за регенерирање на кожата, но и против бактериите кои предизвикуваат појава на акни. Ставете малку Брилијант масло на памук и поминете низ критичните места со акни.
Сончогледовото масло користете го како „крем“ за околу очи
Многумина велат дека убавината чини скапо. Но, ние тврдиме дека не мора да е така. Доколку добро ги познавате состојките од кујната, истите може да ги искористите и за домашна нега. Баш онака како што ги користеа нашите баби. Ако веќе имате брчки околу очите, пред спиење, на малку памук нанесете сончогледово масло и направете нежна масажа.
Маска со сончогледово масло против стареење
За да ја направите оваа маска измешајте ½ чаша кисело млеко, 1 лажица Брилијант масло и 1 лажица сок од лимон. Маската нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува околу 20 минути. Потоа, лицето измијте го со млака вода. Маслото ќе и даде влажност на кожата, киселото млеко ги отстранува мртвите клетки, а лимоновиот сок ќе ја осветли и освежи кожата. Маската го забрзува процесот на обновување на кожата, па затоа е добра за лица со иритирана кожа и акни. Доколку имате сува кожа, не ставајте лимон во маската.

Совет плус: За уште подобар ефект ви предлагаме да го користите Брилијант омега-3. Некои истражувања докажале дека омега-3, може значително да помогне во смирувањето на сувата кожа.
Ви предлагаме да прочитате: Сончогледово масло со омега 3! Нов производ и подобар избор достапен кај нас.
*Спонзориран текст