лазања

Сочна лазања со болоњезе и бешамел сос

За гурманско уживање на целото семејство ви предлагаме да подготвите сочна лазања со болоњезе и бешамел сос. Со ова јадење нема грешка, а го обожаваат сите, од најмали до најстари. Совршениот спој на тестенини, месо, доматно пире и бешамел сос никого не остава рамнодушен!

Совршена за неделен ручек и убави мигови со вашето семејство. Сѐ што ви е потребно е да издвоите само малку време и да набавите квалитетно свежо мелено месо кое е клучно за совршен вкус на ова познато јадење. Од наведените состојки ќе добиете околу 6 порции, но по потреба може да ги зголемите количините.

лазања

Состојки:

  • 500 г кори за лазања

За болоњезе сос:

  • 1-2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 600 – 700 г мелено месо од Агриа
  • 2 чешниња лук
  • 750 – 800 мл доматно пире
  • мешан сув зачин, сол и мелен црн пипер по вкус
  • оригано и босилек по вкус.

За бешамел сос:

  • 50 г путер
  • масло по потреба
  • 4-5 лажици брашно
  • 1 л млеко
  • мешан сув зачин и мелен црн пипер по вкус
  • мускатно оревче по желба
  • 300 г кашкавал. 

Подготовка:

  1. Најпрво подгответе го болоњезе сосот. На малку масло запржете ги ситно сечканиот кромид и ренданите моркови. Додајте го меленото месо и пржете се додека испари целата течност.
  2. Потоа додајте го и ситно сечканиот лук и зачинете со оригано, босилек, сол, црн пипер и мешан сув зачин по вкус, како и други зачини по желба. На крај додајте го доматното пире и оставете го кратко да прокрчка. Болоњезе сосот тргнете го од огнот.
  3. Потоа подгответе го бешамел сосот. Путерот ставете го во сад на оган да се стопи. Во растопениот путер додајте го брашното и кратко пропржете го. Во садот постепено додавајте го млекото и постојано мешајте со жица за матење. Продолжете да мешате додека се згусни околу 3-4 минути. Доколку добиете премногу густ сос по потреба може да додадете малку млеко. На крај додајте сол, мешан сув зачин, црн пипер и малку мускатно оревче по вкус.
  4. Корите за лазања (по 3-4) ставете да се варат во посолена зовриена вода за време од 5 минути, а потоа извадете ги и ставете ги во сад со ладна вода. Не ги ставајте сите кори одеднаш во ладната вода за да не се оштетат. Ако на упатството не е наведено да се варат корите, не ги варете.
  5. Потоа започнете со редење на лазањата. Лазањата редете ја во подлабока тепсија или соодветна стаклена тава, која прво ќе ја премачкате со малку путер и ќе нанесете еден слој бешамел. Потоа, наредете го првиот слој од тестенините, па внимателно нанесете од болоњезе сосот, а врз него ставете мала количина на бешамел сос и завршете го редот со рендан кашкавал. Постапката повторувајте ја се до завршување на намирниците. Последниот слој лазањи премачкајте го само со бешамел сос и поросете го со малку рендан кашкавал или пармезан. Тавата затворете ја со капак или алуминиумска фолија.
  6. Вака подготвената лазања печете ја во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути (доколку корите се претходно варени) или 30 минути додека порумени. На крајот извадете ја фолијата и продолжете со печење уште 3-5 минути.  Декорирајте ја со парчиња чери домати и листови свеж босилек. Лазањата послужете ја додека е топла. На здравје!

Наша препорака:

Се прашувате која е тајната на највкусната лазања? – Одговорот се крие во внимателно избраните состојки. За подготовка препорачуваме да користите свежо и квалитетно месо, а наш прв избор се Агриа. Свежото мелено месо од домашно производство може да го најдете во месарниците на Агриа ширум земјава, а исто и во маркетите на Тинекс и Рамстор. Агриа се дел од кампањата „Купувам домашно“, па картичките можете да ги користите во нивните месарници и скари на кило во Велес, Битола и Градско. Да ги поддржиме македонските компании кои имаат квалитетни производи!

мелено месо Агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Шпагети со ќофтиња во доматен сос.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: