Сочни кременадли во сос 1

Сочни кременадли во сос

Зошто да јадеме обично кога може да јадеме како во ресторан? Превкусни и сочни кременадли во сос! Кој не би сакал да проба, нели? Имаме фантастичен рецепт кој е погоден за скоро секое домаќинство!

На лицата на домашните ќе видите само радост и задоволство, ништо друго. А ние, и се заблагодаруваме на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica-Mignone, за вкусниот и прекрасно објаснет рецепт.

Сочни кременадли во сос 2

Состојки:

  • 4-5 кременадли (по можност вратни)
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 1/2 корен од целер
  • 2 ловорови листа
  • црн пипер во зрно по потреба
  • сол по потреба
  • мешан зачин или зачини по желба
  • околу 100 мл бело вино или вода.

Подготовка:

  1. Кременадлите зачинете ги со солта и црниот пипер, а потоа кратко пропржете ги во малку загреано масло од двете страни.
  2. Додајте неколку зрна црн пипер и лисјата од ловор.
  3. Кога месото малку ќе се зарумени, извадете го во чинија или тргнете го на страна.
  4. Во истата тава во која сте ги пржеле кременадлите, пропржете го ситно исечканиот кромид, сечканите морков и целер на коцки, динстајте заедно неколку минути, па вратете ги кременадлите во сосот.
  5. Додајте го белото вино или вода.
  6. Затворете со капак и гответе така околу 30-40 минути додека месото стане меко и сочно.
  7. Послужете со варен компир и прелијте со сосот во кој се динстало месото. Ако посакувате сосот да биде густ и кремаст, само додадете лажица густин. Секако е вкусно, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско месо во сос од бело вино.

Сподели: