Со редовна консумација на минерална вода до поздрав и подолг живот! 1

Со редовна консумација на минерална вода до поздрав и подолг живот!

Истражувањето на патеките до поздрав и подолг живот е наша пасија! Овој пат, мотивирани од летните денови и неизмерното уживање во нив, посветивме време да дознаеме како влијае освежителната минерална вода врз функциите на организмот. Дали некогаш сте помислиле дека минералната вода има изненадувачки корисни и значајни здравствени придобивки?

Уникатно различна од водата од чешма, минералната вода ја подобрува целокупната здравствена состојба! Иако можеби не ви се верува, таа претставува суштинска мешавина од минерали како што се магнезиумот, натриумот, калциумот и калиумот. Имено, човечкото тело е составено од одредени минерали кои се неопходни за правилен раст и функција на мозокот и телото, па во одредени ситуации на подолготраен недостаток од овие минерали може да настане алармантна состојба на мозокот. Во таквите случаи на исцрпеност, збунетост и мисловен замор, сетете се да се напиете чаша минерална вода! А, за подобро да ја разберете важноста и користа на газираната минерална вода за здравјето, ви предлагаме да ги прочитате придобивките и заклучоците до кои дојдовме при нашето истражување.

Со редовна консумација на минерална вода до поздрав и подолг живот! 2

Минералната вода треба да има идеален сооднос на минерали, а подолу образложуваме зошто е тоа важно

Постојат различни брендови, а согласно според идеалниот соодност на минерали, го издвојуваме Књаз Милош. Газираната минерална вода на Књаз Милош има идеален сооднос на калциум и магнезиум (2:1), кој овозможува нивна најдобра апсорпција во нашиот организам. Ваквата вода изобилува со општа здравствена корист. И освен тоа, со секојдневната редовна консумација на ваквата минерална вода се обезбедува оптимално снабдување на телото со калциум. Оттука, со право може да се заклучи дека ги зајакнува коските и забите, и ги штити ноктите од оштетување.

Природен регулатор на крвниот притисок

Минералната вода содржи идеален сооднос на минералите магнезиум и калциум, што ја прави корисен пијалак за лицата кои имаат променливо ниво на крвниот притисок. Овие два минерали се активно вклучени во електролитските процеси на мозокот и телото. А, електролитската рамнотежа е од клучна важност за одржување на крвниот притисок кај луѓето.

Го подобрува метаболизмот на мастите со што помага за слабеење и заштита од кардиоваскуларни заболувања

Минералната вода го помага метаболизирањето и распаѓањето на мастите, па е од суштинска важност за полесно согорувањето на наталожените масни наслаги во телото и циркулацијата во крвните садови. Нејзиното позитивно влијание врз мастите, го намалува производството на лошиот или ЛДЛ холестерол. Истиот, се депонира во масното ткиво и во крвните садови со што доверува до покачен крвен притисок, како и зголемен ризик од срцеви напади кај предиспонираните. Газираната минерална вода го спречува растот и акумулацијата на ЛДЛ холестеролот во капиларите. Со тоа, спречува формирање на масни блокади по нивните ѕидови и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Па, вклучете ја во својот здрав режим на исхрана слободно. Следниот пат кога ќе почуствувате жед, посегнете по полна чаша Књаз Милош. Лесно е достапна, ја има во сите поголеми супер маркети и поголем број на ресторани.

Го одржува здрав и ја подобрува функцијата на системот за варење

Минералната вода во својот состав содржи сулфати – соединенија кои се значајни за намалување на киселоста во телото. Сите ние кои сме се соочиле со овој проблем, многу добро знаеме од колку голема важност е оваа придобивка и колку е важно да се одржува алкалноста во организмот. Притоа сулфатите, кои се катализатори на работата на панкреасот, го поттикнуваат да произведува ензими, како се липазата и амилазата. Овие дигестивни ензими помагаат против надуеност, опстипација и спречуваат таложење на токсините во цревата. Како резулатат на тоа се воспоставува баланс во дигестивниот систем и варењето на храната тече без проблеми и без создавање на кисела средина.

Ви препорачуваме да прочитате: Пијте вода, дури и ако не сте жедни!

*Комерцијален текст.

Сподели: