Редуцирајте ја анксиозноста на природен начин! Добриот сон е на некој начин гаранција или барем предуслов за убав и успешен ден. GABA неуротрансмитерот ја има токму оваа улога, да му помогне на организмот да ни обезбеди квалитетен сон и што полесно да се справи со анксиозноста која на денешно време ја има скоро секој.
Што поточно е GABA може да се информирате на овој линк. А во оваа прилика ќе ве запознаеме подетално со нејзината улогата и во кои се ситуации помага. Па, да започнеме.

GABA неуротрансмитерот помага за добар сон и победа над анксиозноста
Но прво, што всушност претставува анксиозноста?
Анксиозност е силно чувство на загриженост, силен страв или паника, во чести повторувања или постојано, со преувеличено доживување на потенцијалната закана. Обично, причината за истата е дисбаланс на хормоните во телото и мозокот. А, со ребалансирање на хормоните и „поправање“ на нутритивните недостатоци, анксиозноста може да се редуцира на природен начин.
GABA има смирувачки ефект врз мозокот и е природен лек против анксиозност. Студии направени од American Journal of Psychiatry и Columbia University College of Physicians and Surgeons’ Department of Psychiatry открила дека лицата кај кои се манифестираат панични испади – што е тип на анксиозност, има несоодветна врска на мозокот со GABA, односно намалено ниво на GABA. Освен неа, друго природно својство со вакви слични својства е коренот од валеријана.
GABA неуротрансмитерот го подобрува сонот
Инсомниа е состојба која се карактеризира со потешкотии за запивање, а се проценува дека од неа се погодени околу 30% од возрасната светска популација. GABA има смирувачко, седативно дејство, така што помага за редуцирање на нервната возбуденост. Една студија од 2015 година, потврдила дека учесниците во истата со помош на GABA успевале побрзо да заспиваат, односно времето на несоница се скратувало на 5 минути. Друга студија од 2008 година објавена во списанието Sleep утврдила дека пациентите со инсомниа имаат за 30% пониско ниво на GABA, споредено со контролната група.
GABA неуротрансмитерот ги редуцира симптомите на депресија
Освен што превенира анксиозност и го регулира сонот, за GABA неуротрансмитерот се смета дека е многу важен за борба против депресија. Една студија покажала дека кај лицата со депресија, нивото на GABA е многу ниско. Истата била спроведена од Психијатрискиот оддел на Yale University School of Medicine потврдила дека пациентите кои биле подложени на електроконклузивна терапија која делува инхибиторно на депресијата, имале зголемено ниво на GABA. Благодарение на нејзините антидепресивни својства, веќе се вбројува во групата на алтернативни третмани против депресија.
GABA неуротрансмитерот помага за намалување на симптомите од ПМС
Пред менструалниот синдром или ПМС, се група на симптоми кои опфаќаат промена на расположението, замор и апетит за храна. Се појавуваат кај жени помеѓу овулација и почеток на менструалното крвавење. GABA е неуротрансмитер кој има способност да ги облажи симптомите на ПМС. Некои студии покажале дека ја намалува болката и нападите на глад на природен начин.
GABA неуротрансмитерот ги намалува воспаленијата
Воспаленијата се нормална реакција на имуниот систем при повреда или болест. Но, хроничните воспаленија може да доведат до компликации како канцер, срцева болест или артритис. Постојат истражувања кои потврдиле дека GABA помага за намалување на воспалението и може да е корисна во погореспомнатите состојби. Ваквото позитивно влијание, посебно било потврдено за реуматски артритис.
GABA неуротрансмитерот го подобрува фокусот при синдром на хиперактивност
Синдром на хиперактивност (ADHD) е состојба која може да се сретне како кај децата, така и кај возрасните. Се карактеризира со намалено внимание, импулсивност и хиперактивност. Притоа, за GABA било утврдено дека го подобрува фокусот и ги намалува симптомите на иритабилност. Студија спроведена на Johns Hopkins University School of Medicine во 2012 година, ги споредила концентрациите на GABA во мозокот кај децата со и без ADHD. Било утврдено дека кај децата со ADHD нивото е многу ниско. Затоа, земање на GABA неуротрансмитерот е препорачливо и во овој случај.
GABA неуротрансмитерот го зголемува нивото на хормонот за раст
Хормонот на раст го произведува хипофизата, а е важен за зголемување на мускулната сила, го намалува ризикот од срцева болест, ја подобрува структурата на телото и цврстината на коските. Дефицитот на овој хормон е посебно опасен за време на пубертет и може да влијае со вид на забавен раст кај децата, депресија, сексуална дисфункција, резистентност на инсулин, како и зголемен ризик од срцева болест кај возрасните. Студија спроведена во 2008 година, покажала дека суплементацијата со GABA кај 11 мажи кои биле дел од истата, дала резултат во зголемување на нивото на хормонот на раст. Освен GABA, како корисни суплементи за се препорачува L-arginine од Now Foods, која може да ја набавите од поголемите аптеки или од онлајн продавницата на Тримекс.
Како да се најде или нарача GABA?
За крај, ако и вие, како и голем број лица, се соочувате со проблемите на стресот, можеме да ви препорачаме да си набавите квалитетен GABA суплемент, произведен од Now Foods. Може да го побарате во поголемите аптеки или на онлајн продавницата на Тримекс. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на GABA, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да ja нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Совет плус: Доколку планирате да ja земате GABA, најпрво консултирајте се со вашиот лекар. За дозирањето не одлучувајте на своја рака. За бремени или доилки, не се препорачува да го користат овој суплемент.
Ви препорачуваме да прочитате: Истражувавме за GABA! Неуротрансмитер кој е спас од анксиозност и несоница.
*Спонзориран текст.