Специјалитет од мелено месо во рерна

Специјалитет од мелено месо во рерна – свечен ролат

Како што се ближи крајот на годината, сите ние едвај чекаме да уживаме во благодетите на празниците! Некои ќе одлучат да прошетаат и да стекнат нови искуства, а многумина од нас, сакаат да бидат дома и да уживаат во топлите семејни моменти. Во таков случај, свечената и радосна трпеза е нешто неизбежно и ваков специјалитет од мелено месо во рерна е идеален за пригодата!

Може да го послужте како главно јадење или како мезе за пријателите. Во секој случај трпезата ќе изгледа преубаво, а чиниите многу брзо ќе се испразнат. Овој специјалитет од мелено месо во рерна особено ќе ги воодушеви љубителите на месо и месни ролати, но и сите оние кои уживаат во добрата храна со полн вкус. Па, кога не знаете што да направите за мезе, ручек или богата вечера, ви предлагаме да го пробате овој рецепт.

Специјалитет од мелено месо во рерна

Состојки:

  • 1,5 кг мешано мелено месо од Агриа
  • 1/2 чаша сечкан целер
  • 3 моркови
  • 1 црвена пиперка
  • 2 парчиња леб (натопени во вода)
  • 1 лажица мешан зачин
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 лажичка сув босилек
  • 1,5 лажичка мелена црвена пипер
  • 1,5 лажичка сув магдонос
  • 1,5 лажичка лук во прав
  • 4 лажички ситно сечкан кромид
  • 2 јајца.

За премачкување:

  • 3 лажици масло
  • 5 лажици сос за скара.

Подготовка:

  1. Зеленчукот ситно исечкајте го.
  2. Парчињата леб убаво натопете ги во вода и исцедете ги.
  3. Во сад се ставете ги месото, лебот, зеленчукот и зачините. Измешајте. Додајте ги и јајцата и измешајте за состојките да се соединат.
  4. Тавата за печење обложете ја со хартија за печење или убаво премачкајте ја со масло.
  5. Подготвената смеса ставете ја во тавата и со влажни раце обликувајте го ролатот. Премачкајте го со масло одозгора и печете на 190 степени, 30 минути.
  6. По 30-те минути, покријте го ролатот со фолија и печете уште околу 80 минути (во зависност од рерната) на 175 степени.
  7. Потоа, извадете ја тавата од рерна и премачкајте го ролатот со сос за скара. Вратете ја тавата во рерна (без да ја покриете) и печете уште 10-15 минути, или додека ролатот добие убава боја.
  8. Готовиот ролат покријте го со фолија и оставете го да се излади половина час, а потоа исечете го и послужете го. На здравје!

Наша препорака:

Ова е одлична идеја за претстојните празници, па не пропуштајте ја приликата да ги посетите месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) и да си набавите свежо и квалитетно мелено месо за да го пробате овој свечен специјалитет. Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо, кое е идеално за подготовка на највкусните ролати од мелено месо. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите.

мелено месо

Ви препорачуваме да прочитате: Панцероти со мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: