Нема поубаво чувство од она кога ќе си легнете во чиста постела со пријатен мирис. Веднаш ќе „потонете“ во сон. Овој спреј за постелнина ќе ви го овозможи баш тоа!
Се прави лесно, а потребно е да набавите само неколку состојки. Пробајте, многу убаво ќе се чувствувате.
Состојки:
- шише со спрејна прскалка (по можност со големина од 120-150 мл)
- 45 мл дестилирана вода
- 45 мл 75%-тен алкохол
- 20 капки етерично масло од камилица
- 15 капки етерично масло од бергамот.
Подготовка и начин на употреба:
- Во чист сад, прво измешајте ја водата со алкохолот, а потоа додајте ги етеричните масла.
- Внимателно промешајте, па турете ја течноста во шишето со прскалка. Кога прскате, добро е да внимавате да не биде тоа директно врз постелнината. Оддалечете го спрејот и прснете од подалеку. Ис то така, би ви препорачале да не претерувате со количината, прејаките мириси може да ви засметаат.
- Со овие смирувачки масла, лесно ќе можете да потонете во мирен и длабок сон.
Ви препорачуваме да прочитате: Ослободете се од непријатниот мирис на облеката.