Се ближи 14 февруари, ден кога некои ќе го слават православниот празник Св. Труфин, некои ќе го слават католичкиот празник на вљубените Св. Валентин, а дел ќе се обидат да направат спој. Ако вие сте од оние што ќе ја слават љубовта и виното, сигурно веќе размислувате за подарок или изненадување за вашиот партнер. Ви предлагаме да направите срца од вино и убаво завиткани да му ги подарите на вашиот сакан.
Можете да ги направите со црно или бело вино, а состојките и начинот на подготовка ветуваат брз и лесен рецепт. Нека започне славењето на љубовта и виното!

Состојки:
- 250 мл вино
- 4 лажици желатин
- ½ кафена лажичка мед
- 2 – 4 лажици јаворов сируп.
Подготовка:
- Во тава на оган, на ниска температура ставете го виното да се загрее.
- Потоа, во тавата додајте го желатинот и промешајте со жица за матење. Кога желатинот целосно ќе се раствори, во тавата додајте ги медот и јаворовиот сируп.
- Истурете ја смесата во силиконски калапи во форма на срце, а потоа ставете ги во фрижидер за време од 2 до 3 часа за да се стегнат.
- На крај, изладените срца од вино извадете ги од калапите. По желба можете да ги наросите со шеќер, па послужете се или спакувајте ги во уникатна амбалажа и подарете ги со многу љубов.
Ви предлагаме да прочитате: Креативни идеи од храна за романтичен Св. Валентин.