Свински шницли во сос од бело вино

Повторно ви откриваме специјалитет од интернационалната кујна. Овојпат, кулинарски патуваме во Војводина. Војводина е позната по фантастичните специјалитети, јадења со пикантен вкус, кои никого нѐ оставаат рамнодушен. А, овие вкусни и сочни свински шницли во сос од бело вино сигурно ќе бидат ваше омилено јадење.

Летото е време кога не сакаме да останеме долго во кујната, па бараме лесни и едноставни рецепти за подготовка. Токму таков е рецептот за свинските шницли во сос од бело вино. Направете ги и уживајте во вкусот со семејството или пријателите!

свински шницли во сос

 

Состојки:

  • 800 г свинско каре од Агриа
  • 2-4 лажици брашно
  • 3 чешниња лук
  • 1 дл бело вино
  • 200 г кисела павлака
  • црн пипер и сол
  • зачини по избор: магдонос, рузмарин, мајчина душица, мешан зачин…
  • рен
  • масло за пржење.

Подготовка:

  1. Свинското месо исечете го на шницли со дебелина од 1 см.
  2. Брашното ставете го во чинија. Парчињата месо посолете ги и извалајте ги во брашно.
  3. Во поголема тава или тенџере на оган ставете масло да се загрее. Во загреаното масло пропржете ги свинските шницли од двете страни додека поруменат.
  4. Потоа, извадете ги шницлите од тавата.
  5. Лукот и магдоносот исечкајте ги и оставете ги во посебен сад.
  6. Во истото масло во кое се пржеа шницлите ставете ги павлаката, виното, сечканите лук и магдонос, и зачинете со сол и мелен црн пипер. По желба додајте рузмарин, мешан зачин или други зачини.  Мешајте додека сосот се згусне.
  7. Исклучете го шпоретот, вратете ги шницлите во сосот и додајте сечкан рен.
  8. Подготвените шницли послужете ги топли во комбинација со пире од варен компир или свежа салата по избор. На здравје!

Совети плус:

Како ти се допаѓа рецептот за свинските шницли? Планираш да ги испробаш? – Еве неколку совети од нас:

  • За подготовка најдобро е да користите свежо свинско месо. Кога станува збор за свежо и квалитетно свинско месо ги препорачуваме Агриа. Во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите секој ден може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо.
  • За покремаст сос, користи павлака со 20% млечни масти. Наместо кисела, може да користиш и неутрална павлака за готвење.
  • Свинското месо добро се комбинира со рузмарин, па може да додадеш листови свеж или сув рузарин при подготовката.
свински шницли во сос од бело вино

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско месо со лук и рузмарин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: