Печен полнет крап во сос од вино

Печен полнет крап во сос од вино

Љубители на риба, време е за ново гастрономско уживање! На блогот на нашата пријателка Лана наидовме на еден интересен рецепт за подготовка на полнет крап во сос од вино. Звучи примамливо, зарем не?

Овој рецепт е совршен за семеен ручек или кога чекате гости за време на пости. Вкусниот крап ќе ја разубави вашата трпеза и ќе ѝ даде раскошна нота на секоја пригода.

полнет крап

Состојки:

  • 1 крап од 1,5-2 кг
  • 2 моркови
  • 1 китка магдонос
  • 2-3 чешниња лук
  • 150 мл бело вино
  • 150 мл вода
  • 1 лимон
  • сол и црн пипер по вкус
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Крапот добро исчистете го и посолете го од внатрешната и надворешната страна.
  2. Потоа подгответе го полнежот. Морковите исчистете ги и изрендајте ги, а магдоносот и лукот ситно исечкајте ги. Измешајте и посолете по вкус. 
  3. Со филот наполнете го крапот и ставете го во плех за печење.
  4. Лимонот исечете го на кругови. Секое парче лимон исечете го на половина.
  5. На горната страна од рибата со помош на нож направете неколку засеци. Во секој засек ставете по едно парче лимон, а по желба може да ставите малку лук. 
  6. Крапот прелијте го со масло, бело вино и вода и покријте го со алуминиумска фолија.
  7. Печете го во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.
  8. Кога рибата е при крај со печење, извадете ја фолијата и оставете ја да се печи уште дополнителни 30 минути додека добие убава боја.
  9. Печениот полнет крап сервирајте го со компири поросени со магдонос и зачинети со лимонов сок. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Печена шкрапина во сос од вино.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: