Со помош на маринадите месото секогаш ќе биде вкусно, меко, сочно и ароматично. Денес ви претставуваме рецепт за сува маринада која може да се користи за сите видови на месо.
Постојат два вида на маринади, суви и течни, а разликата е во тоа што сувите маринади всушност претставуваат мешавина на зачини кои може да ги подготвите претходно. Течните маринади пак, содржат состојки како што е лимоновиот сок, мед, сенф и сл. За да може месото да ги поприми сите вкусови и мириси и од двете видови на маринади, потребно е истото да стои подолго време во нив. Предност кај сувите маринади е тоа што тие може да се припремат предвреме, па да се чуваат во чисти тегли и да се користат по потреба.

Потребни состојки:
- ½ чаша кафеав шеќер по желба
- 1 лажица црн пипер
- 1 лажица сол
- 1 лажица чили во прав
- 1 лажица лук во прав
- 1 лажица кромид во прав
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица ким.
Начин на подготовка и употреба:
- Сите состојки добро измешајте ги и складирајте ги во мала и чиста тегла.
- Вака подготвената маринада нанесете ја врз месото и оставете го да стои околу 30 минути пред подготовка, а за најдобар ефект може да се остави и преку ноќ.
Напомена: Оваа маринада претставува основна мешавина на зачини, а по желба во неа може да се додадат и други зачини по ваш вкус. Па така, доколку подготвувате маринада за пилешко месо во неа може да додадете малку ѓумбир во прав, за јагнешко додадете рузмарин, а свинското совршено одговара со лаворов лист или малку кора од портокал.
Ви препорачуваме да прочитате: Маринада за пилешко месо на Азиски начин.