Време е да славиме! Да славиме сите заедно и да се радуваме на уште еден успех. Што можеме да кажеме повеќе освен да се заблагодариме на сите кои гласаа за нас, на жирито и на организаторите. Драги читатели и овој пат, наградата ја посветуваме на вас, но и на целиот тим на Сѐ за храна.
Шестта година по ред sezahrana.mk е дел од победничките сајтови во Македонија. Прогласувањето на најдобрите македонски веб сајтови е манифестација на која Сѐ за храна учествува традиционално од нејзиното постоење, односно по шести пат досега. Заедно со вас, добивме награди во 2013 – 2017 а сега многу побројни го прославуваме и овогодинешното второ место.

Сајт на годината е манифестација на која по деветти пат се избираа најдобрите веб сајтови во Македонија во повеќе категории. Истата беше организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep an eye. Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб сајтовите во Македонија.
На крај, би сакале да им се заблагодариме на нашите драги автори кои не себично се вложуваат и ги споделуваат своите прекрасни рецепти. Особена благодарност упатуваме до најактивните автори оваа година Лидија Јошевска, Невена Ѓероска, Катерина Милошевска Глигороска, Диана, Лана… А во делот на едукативните содржини благодарноста и ја посветуваме на Маја Ѓореска Николовска.
Ви порачуваме да верувате истрајно во она што го работите за да го остварите сонуваниот успех, а на сите кои нѐ поддржавте и гласавте за нас срдечно Ви заблагодаруваме!
Марија и Катерина