Сѐ за храна ќе биде дел од овогодинешниот Саем за волонтеризам 2017

Во просториите на Техничкиот Факултет во Битола, на 2 Октомври (понеделник) од 12:00 часот до 15:00 часот, во организација на Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија, ќе се одржи Саем за Волонтеризам 2017. На овој саем учество ќе земат повеќе невладини организации од Битола и регионот.

Како и во изминатите години, граѓанските организации на посебни штандови ќе ги претстават своите проекти, планови и активности. Саемот е отворен за сите заинтересирани, а особено младите луѓе – средношколци, студенти и млади професионалци, кои на овој Саем ќе имаат можност да се запознаат со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа.

саем за волонтеризам

Бидете дел од тимот на Сѐ за храна

Претставници од Сѐ за храна, на штанд ќе ги презентираат тековните проекти, активности и преку работилница ќе ги запознаат младите заинтересирани лица со мисијата, целите и можностите за нивно вклучување во проекти, семинари, обуки и хуманитарни акции. Ве покануваме сите кои сте заинтересирани да го посетите нашиот штанд во просториите на Техничкиот Факултет во Битола, во понеделник, 02.10.2017 година, со почеток од 12:00 часот. А од 13:30 до 13:45 часот ќе имате можност да присуствувате на бесплатното предавање во организација на sezahrana.mk.

Ако си:

  • креативен
  • мотивиран
  • имаш завршено или студираш на факултет од областа на храната, или пак си љубител на храната, здравјето и постојано истражуваш
  • имаш познавање на англискиот јазик
  • сакаш да шеташ и да дегустираш разни специјалитети за да споделуваш искуство
  • сакаш да учествуваш на семинари и работилници
  • поседуваш организациски вештини,
  • а социјалните мрежи ти се јака страна, ова е за тебе!

… и шанса која не смееш да ја пропуштиш!  Повели посети нѐ и испрати ни твое СV на info@sezahrana.mk, најдоцна до 05.10.2017 година.

Очекуваме многу храбри креативци и комуникативни пријатели!

А, ако те интересира како си поминавме минатата година, прочитај тука: Сѐ за храна учествуваше на Саем за волонтеризам 2016.

Сподели: