Телешка кашичка со компир, морков и тиквичка 1

Телешка кашичка со компир, морков и тиквичка

Здравата и избалансирана исхрана е клучна за правилен раст и развој на бебињата и малите деца. До 6 месеци се препорачува бебињата да се исклучиво на ексклузивно доење, а потоа да се започне со пробување на вкусови. Така дојдовме на идеја да ви предложиме вкусна и здрава телешка кашичка за најмалите и најмилите, а подолу ќе дознаете повеќе за рецептот.

Од 4 до 6 м веќе пополека може да се започне со воведување на цврста храна, особено за бебињата кои се на млечна формула. Месото е клучно за правилен раст и развој, бидејќи содржи железо, протеини и витамин Б12. Пробајте ја нашата супер лесна и вкусна телешка кашичка за деца (над 1 година) која се прави од неколку зеленчуци и малку ладно цедено сончогледово масло. Доколку бебето е од 6-12 месеци се препорачува да ја направите со ладно цедено маслиново масло.

Телешка кашичка со компир, морков и тиквичка 2

Ако има заби, оваа кашичка може да ја направите без истата да се блендира, со цел детето полека да се учи да јаде храна со текстура, што е од особена важност за оралното здравје. По ваша желба, наместо ладно цедено сончогледово масло, може да додадете маслиново масло или несолен путер, додека за поголеми деца може да додадете малку хималајска сол и некои зачини кои претходно сте ги вовеле во исхраната.

Состојки:

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на коцки и варете го додека омекне.
  2. Зеленчукот добро измијте го, излупете го, исечете го на коцки и варете го на пареа околу 20 минути или додека омекне.
  3. Варениот зеленчук, заедно со претходно вареното месо добро изблендирајте ги додека добиете каша со хомогена конзистенција. За да ја добиете посакуваната густина, во кашата додајте од водата во која се варело месото.
  4. Во вака подготвената кашичка со телешко месо додајте неколку капки од ладно цеденото сончогледово масло.
  5. Кашичката секогаш послужете му ја на вашето бебе свежо подготвена. Во случај да сакате да ја зачувате за подоцна во денот, веднаш ставете ја во фрижидер или стерилизирајте ја во затворена чиста мала тегла, во загреана рерна на 100 степени за време од 15 минути.

Наша препорака

Ладно цеденото сончогледово масло од Фила може да го набавите од поголемите маркети. Одлична вест е што сега го има на акциски цени или со подарок од миксот со 4 семиња – лен, сусам, тиква и сончоглед. Па, не чекајте набавете го и на здравје!

Телешка кашичка со компир, морков и тиквичка 3

Ви препорачуваме да прочитате: Македонски ајвар со ладно цедено сончогледово масло.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: