Одличен спој на вкусови! Ако сакате брзо и лесно јадење кое убаво ќе ве нахрани, предлагаме да го пробате рецептот за тестенини со тиквички и туна.
Можете да ги подготвите за ручек или вечера, а веруваме дека ќе бидат вкусни за целото семејство. Пробајте ги, Невена секогаш готви одлични нешта!
Состојки:
- 250 гр спирални тестенини или макарони
- 2 мали (околу 250 – 260 гр) тиквици
- 1 конзерва од туна
- 1 мало парче кромид
- 1-2 лажици капари по желба
- вода и сол за варење на тестенините по потреба
- масло за пржење на тиквичките по потреба.
Подготовка:
- Најпрво на оган ставете да зоврие вода со малку сол, а откако ќе зоврие ставете ги тестенините да варат за времето означено на паковањето.
- Потоа исцедете ги и ставете ги во поголема чинија за сервирање.
- Во меѓувреме тиквичките исечете ги на кругови од 2-3 мм и пржете ги во загреано масло од двете страни да добијат кремаста боја. Кога сите се испржени додајте ги во тестенините.
- Додајте ја и туната, претходно исцедена од маслото и измешајте.
- По вкус додајте црн пипер и сол.
- Вака подготвените тестенини се спремни за служење. Може веднаш да ги послужите или покриени да ги оставите да се изладат во фрижидер и да ги јадите како ладна паста. Одозгора над тестенините ставете по малку исечкан кромид и доколку имате неколку зрна капари. Тие на јадењето му даваат лесен, освежителен вкус.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со туна и сос од зеленчук.