Сакате здрава и убава кожа? – Обрнете внимание на храната и пијалоците кои ги внесувате. Зошто? – Затоа што токму од исхраната зависи и здравјето на кожата. Постојат одредени намирници кои позитивно делуваат на кожата и ја прават сјајна и нежна. Единствено што треба да направите е да станат дел од вашата исхрана.
Предуслов за здрава и убава кожа е доволна хидратација, како и правилно избрани намирници за исхрана. Од друга страна, неправилните прехранбени навики може неповолно да делуваат на метаболизмот. Лошата исхрана, не само што го зголемува вишокот на килограми, туку и негативно влијае на површинскиот орган на телото – кожата.

Авокадо
Авокадото содржи висок процент на незаситени масти, од кои најзастапена е олеинската киселина. Олеинската киселина има поволно дејство врз бројни функции на телото, вклучувајќи го и здравјето на кожата. Внесот на ова масна киселина е од голема важност за одржување на флексибилноста на кожата. Авокадото содржи и компоненти кои ја штитат кожата од несканите ефекти при изложеноста на сонце. Дополнително, ова намирница содржи витамин Е, антиоксиданс кој ја штити кожата од оксидативниот процес.
Масна риба
Познато е дека масните риби се богат извор на омега 3 масни киселини. Овие масти учествуваат во одржување на здравјето на кожата, а недостатокот на омега 3 ја прави кожата сува. Освен тоа, масната риба изобилува и со цинк, кој е минерал кој помага при регулирање на воспалителните процеси и создавање на нови клетки на кожата. Недостатокот на цинк може да доведе до воспаление на кожата и поспоро зараснување на рани.
Недостатокот на омега 3 и цинк може да го наруши здравјето на кожата, па затоа се препорачува нивен дополнителен внес преку додатоци на исхраната. Изберете квалитетни производи – Omega-3 и L-OptiZinc од NOW.
Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи. NOW Omega-3 е единствена молекуларно дестилирана, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма. Природниот концентрат на рибино масло е произведен од цели сардини, сардели и скуши, со мулти-патентиран процес на производство.
Omega-3 придонесува за одржување на:
- нормален вид
- нормална функција на срцето
- нормално ниво на триглицериди во крвта
- нормален крвен притисок.
L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. L-OptiZinc содржи цинк во високо биорасположлива форма, а содржи и бакар. Се препорачува за имунолошка поддршка и поддршка на ензимската функција.
Предности на L-OptiZinc:
- супериорна апсорпција и задржување
- супериорни антиоксидантни својства
- супериорна клеточна заштита
- здрав вид и нормална когнитивна функција
- здрава кожа, коса и нокти.
Брокула
Брокулата содржи голем број на витамини и минерали кои помагаат за здрава кожа. Меѓу нив, како најважни може да се издвојат цинкот и витамините А и Ц. Брокулата содржи и лутеин – молекула со слично дејство на бета каротените. Овој не баш омилен зеленчук, изобилува со хранливи материи кои ја штитат кожата од надворешни штетни влијанија. Па, еве една причина плус зошто да престанете да ја избегнувате брокулата.
Домат
Доматот е одличен извор на витамин Ц и каротеноидот ликопен. Покрај ликопен содржи и други каротеноиди како што се бета каротен и лутеин. Овие три каротеноиди кога дејствуваат заедно, ги спречуваат оштетувањата на кожата предизвикани од разни фактори. Бидејќи на каротеноидите им се потребни масти за да бидат полесно апсорбирани, се препорачува доматот да се зема со маслиново масло или тврдо сирење.
Потребен ви е дополнителен внес на витамин Ц за да ја одржите кожата убава и здрава? – Ви го препорачуваме AlphaSorb-C. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник. Ова е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, која подобро се апсорбира во организмот. AlphaSorb-C е супериорен витамин Ц кој ги содржи метаболитите на витаминот Ц, треонската киселина која ја зајакнува клеточната апсорбција на витаминот Ц. Овој патентиран некиселински вид на витамин Ц е супериорен и поради тоа што содржи и алфа липоична киселина, aнтиоксиданс кој помага во регенерацијата на витаминот Ц во организмот.

Производите може да ги нарачате со бесплатна достава преку онлајн продавницата на Тримекс, а истите се достапни и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Вода
И за крај, но не и најмалку важно! Хидрирајте ја кожата на природен начин, со помош на најпознатиот пијалок, а тоа е водата. Водата учествува во одржување на целокупното здравје, а особено на здравјето на кожата. Недостатокот на течности доведува до сува кожа и други пропратни проблеми. Кожата не би била доволно хидрирана, ако во организмот не се внесува адекватно количество на вода, односно околу 2 литри вода дневно.
Ви препорачуваме да прочитате: Испукана кожа на раце и стапала – што ја предизвикува и како да си помогнете.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.