Можеби чоколадната торта ви е омилена, но ниту една торта не е во листата на најпопуларни десерти ширум светот. А од 6-те најпопуларни десерти, кај нас може да се дегустираат дури пет од нив.
Зборот десерт потекнува од француски јазик, а прв пат се споменува во далечната 1600 година. Со оглед на тоа што постојат голем број на различни десерти е направено е нивно групирање, па под овој поим се среќаваат:
- торти како чоколадна торта, овошна торта…
- чоколадо и бонбони
- колачиња или бисквити, меѓу кои посни колачи со пиво, гриз и кокос
- пудинзи
- пржени десерти како тулумби.
- замрзнати десерти, меѓу кои сладолед од ванила и сладолед од јагоди.
- десерти приготвени со желе
- благи печива во кои спаѓаат кросаните
- пити
- слатки супи
- десертни вина, односно вина кои се служат со десерт.
Секогаш е добро да се знае повеќе, па затоа откријте кои десерти се омилени насекаде на планетата Земја.

Сладолед
Кога ние би гласале, на прво место би го рангирале освежителниот сладолед. Сладоледот е вистински меѓународен десерт кои го обожаваат сите, особено во топлите летни денови. Можете да го најдете насекаде во светот, со многу различни вкусови. Сепак, традиционалните вкусови како ванила, чоколадо и јагода се фаворити кај повеќето луѓе.
Тирамису
Кремаст и со фантастичен вкус на кафе, овој десерт е многу популарен во Франција и Италија. Ако тирамисуто ви е еден од омилените десерти, имаме одличен рецепт, кој може да го прочитате тука.
Чирос
Чирос е шпански десерт со многу потежок вкус за разлика од тирамису. Денес е познат насекаде во светот и е многу обожуван од луѓето во различни земји. Карактеристично е се приготвува со пржење и потсетува во изгледот на нашите тулумби, но секако дека е многу вкусен.
Овошна салата
Сите кои сакаат овошје, обожаваат да јадат овошна салата. Тоа е многу лесен и здрав десерт, кој најпрво започнал да се прави во Африка. Денес постојат различни верзии на овој десерт, а најпопуларните се оние со додаток на шлаг.
Пудинг
Пудингот е традиционален Англиски десерт. Постојат многу варијанти и рецепти за тоа како пудингот се прави во целиот свет.
Баклава
Таа е традиционален турски десерт кој има бескрајни варијанти за подготовка. Традиционалната баклава се прави од тенки кори, ореви и мед. Сепак, денес постојат можности да се најде баклава со бадеми, ф’стаци, чоколадо… Таа е омилена речиси во сите национални кујни на Балканот.