Кремасто и освежително, тропско и екстра хранливо! Направи здрав избор и започни го денот со смути со спирулина и банана. Дава енергија и освежува, а тоа може да го потвриме ние. Често е наш тимски оброк, па така се роди идејата да направиме кратко видео од подготовката.
Што е спирулина?
Спирулината е модро зелена алга, која е позната како супер храна. Ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини кои се потребни на телото и има бројни придобивки:
- Ги намалува воспаленијата
- Го подобрува здравјето на цревата
- Го намалува нивото на шеќер во крвта
- Го намалува холестерот
… и не само тоа! Прочитај ги 10-те докажани причини за да консумирате спирулина.

Состојки:
- 1 банана
- ½ – 1 чаша ананас
- ½ авокадо
- 1 мала лажичка хавајска спирулина – Hawaiian Spirulina во прав
- 1 мала лажичка ленено семе
- ½ мала лажичка екстракт од ванила.
1 – 1 ¼ чаша кокосово млеко.
Подготовка:
- Бананата исечкајте ја на кругови. Ананасот и авокадото исечете ги на коцки.
- Во блендер ставете ги банана, ананасот, авокадото, додајте ја спирулината во прав, лененето семе, екстрактот од ванила и кокосовото млеко.
- Изблендирајте 10-20 секунди додека добиете хомогена смеса.
Смутито послужете го во чаши или чинии и сервирајте по желба. На здравје!
Совети плус:
- Ако обожавате екстра ладно смути, бананата и ананасот може да ги исечкате и замрзнете, а потоа да ги изблендирате.
- Хавајската спирулина во прав може да ја набавите од поголемите маркети низ земјата, а може да ја нарачате и онлајн со бесплатна достава преку веб продавницата на Тримекс. А сега имате супер можност и попуст од 40% за нарачка на спирулина во прав. Кликнете на линкот и искористе ја оваа прилика!
- Наместо ананас во замена може да искористите манго. Лененото семе може да го замените со чија семе.
- Може да користите растително млеко по избор: бадемово, овесно…
- Ако ти се допадна видео рецептот, разгледај ги моите профили и заследи ме: Instagram – @kocovska.marija, Facebook – Marija Kocovska, Youtube – Marija Kocovska, Tik Tok – @marija.kochovska.

Топ 5 испробани рецепти со спирулина во прав
Ти требаат идеи плус со спирулина во прав? Разгледај ги нашите топ 5 испробани рецепти:
- Чиа пудинг со спирулина и авокадо
- Здрав посен намаз со авокадо без масло
- Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка
- Рецепт за здрави солени бисквити со спирулина
- Домашен песто сос од босилек со спирулина.
Автор на рецепт: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Рецептот е поддржан од Тримекс.