Хранлива вредност и подготовка на мешункастото богатство азуки грав 1

Хранлива вредност и подготовка на мешункастото богатство азуки грав

Азуки гравот е уште едно растение од фамилијата на мешунки. Кај нас сеуште не е многу популарен, бидејќи не е својствен за нашето поднебје, туку најчесто се одгледува во Азија. Но, денес се извезува насекаде и е достапен во продавниците за здрава храна. Од овој вид на грав најчесто се продава црвената сорта, но има и други сорти кои се карактеризираат со други бои. Сите сорти на овој грав се многу здрави и се голем извор на разни витамини и минерали, растителни влакна и протеини. Во продолжение прочитајте за тоа како може да го подгответе азуки гравот и за неговата нутритивна вредност.

Како да го зготвите азуки гравот?

Азуки гравот треба да се подготвува непосредно пред консумација. Накиснете ½ шолја грав преку ноќ во вода. Потоа процедете го гравот од водата и варете го во 2 шолји вода во времетраење од 40 минути до 1 час.

Гравот може да го варите со ориз, да  засладите со засладувач по ваш избор при што  можете да го претворите во вкусен десерт.

Од овој грав може да се добие и брашно кое се користи за добивање на разни производи. Може да се става во супи, може да се пржат зрната и да се користи за подготовка на пијалак кој би го заменувал кафето.

Хранлива вредност и подготовка на мешункастото богатство азуки грав 2

Нутриенти присутни во азуки гравот

Азуки гравот е богат извор на: магнезиум, цинк, железо, бакар, калиум, растителни влакна, манган, молибден и витамини од В комплексот, како што се: тиамин, ниацин, рибофлавин. Во овој грав има и инхибитори на протеазата кои го забавуваат растот на канцерогените клетки.

Нутритивна вредност на 100 гр грав:

  • Калории: 329 Ккал (16% од дневните потреби)
  • Влакна: 12,7 гр (51% од дневните потреби)
  • Протеини: 19,9 гр (40% од дневните потреби)
  • Тиамин: 0,5 мг (30% од дневните потреби)
  • Фолна киселина: 622 микрограми (156% од дневните потреби)
  • Железо: 5 мг (28% од дневните потреби)
  • Магнезиум: 127 мг (32% од дневните потреби)
  • Фосфор: 381 мг (38% од дневните потреби)
  • Манган: 1,7 мг (87% од дневните потреби)
  • Бакар: 1,1 мг (55% од дневните потреби).

Автор:  Маја Велковска.

Ви препорачуваме да прочитате: Црвениот азуки грав, одличен за цел организам – 8 здравствени придобивки.

Сподели: