Доколку имате проблематична кожа на лицето, чести воспаленија, акни, митесери – постои чудесна црна маска која ќе ви помогне засекогаш да се ослободите од овие проблеми.
Кога стискате акни на кожата, бактериите и други воспалителни честички од воздухот се шират во непосредна близина на кожата, а тоа е една главните причини за ширењето на воспалителниот процес. Резултатот може да биде и зголемување на бројот на акните.

Црната маска е ефективна формула за третирање на сите типови кожа, а особено за проблематична кожа и е вистински хит на светско ниво. Taa е богата со минерали и растителни екстракти, кои создаваат уникатен пилинг ефект кој дава моќни резултати на детоксикација, пречистување и осветлување на кожата. Брзо се суши, создавајќи цврста форма која ги апсорбира нечистотиите и темелно ги чисти порите, нежно отстранувајќи ги митисерите, акните и вишокот масленост на површината на кожата. Ефикасно и подеднакво добро се бори со црнките и лојните жлезди. Совршено тонизира, хидратира, ја затегнува кожата и ја прави мека и сјајна.
Резултатите се видливи веднаш непосредно по користењето.
За да постигнете подобри резултати пред да ја нанесете маската, направете го овој чекор:
Пред да започнете со третманот, откако ќе го измиете лицето, врз него ставете топла крпа (претходно натопена во топла вода) и држете ја 2-3 минути, со цел порите да бидат отворени за темелно чистење. Потоа, добро исушете ја кожата пред да ја нанесете маската.
Начин на употреба на црната маска
- Нанесете подебел слој од маската на проблематичните делови од кожата, избегнувајќи го пределот околу очите и косата
- После 20 до 30 минути, маската ќе се исуши и ќе стане еластична. Во тој момент, активните состојки на маската продираат длабоко во кожата и делуваат.
- Отстранете ја нежно маската од кожата со рака (по пат на лупење). Остатоците од маската отстранете ги со топла вода.
Совети за подобар ефект и постигнување на посакуваниот изглед на кожата на лицето
- За отстранување на малите и бледи црнки, најдобро е да ја користите маската еднаш неделно.
- Доколку имате умерени црнки, се препорачува да ја користите маската два пати неделно. Видлив ефект после краток период на користење.
- За големи и длабоки црнки, маската треба да ја нанесувате 2-3 пати неделно. Ефектите се видливи после 4 нанесувања.
Докажани резултати од користењето на маската
- темелно чиста кожа
- помека и посјајна структура на површината на кожата
- го враќа младешкиот сјај на лицето
- ја регенерира и хидратира кожата.
Ви препорачуваме да прочитате: За дамите над 40 години: ефикасни совети за убаво лице.