чај од кромид

Чај од кромид – природен напиток со 6 придобивки за здравјето

Секој љубител на чај ќе каже дека ужива во шолја топол пијалок со добра книга, музика, филм или разговор. Но, сите знаеме дека чајот освен што не загрева, има и исклучително корисно дејство. Секој вид на чај има свое влијание врз нашето здравје, а денес ви откриваме кои се здравствените придобивки од консумирање на чај од кромид.

Кромидот е исклучително богат со силен пигмент познат како кверцетин, моќен антиоксидант кој  припаѓа на групата флавоноиди. Овој пигмент е одговорен за лековитите својства на различни растенија. Највисока концентрација на кверцетин во кромидот има во неговата кора, поради што, често се препорачува да се користи не излупен. Кромидот е одличен извор на витамините Ц, А, Б и Е па затоа, консумирањето на чај од кромид може да го ревитализира нашето тело и да го подобри целокупното здравје.

чај од кромид

За што е корисен чајот од кромид?

  • Ја ублажува кашлицата – чајот од кромид има антибактериско дејство и ќе ви помогне за полесно искашлување.
  • Го намалува крвниот притисок – ги релаксира артериите и крвните садови, што доведува до подобар проток на крв.
  • Помага при кардиоваскуларни проблеми – ја спречува оксидацијата на молекулите на холестеролот кои се лепат на артериите и крвните садови.
  • Болки во стомакот – Една шолја чај од кромид ќе го смири вознемирениот желудник и ќе овозможи цревниот систем нормално да функционира.
  • Го регулира новото на шеќер во крвта – кромидот е богат со хром, минерал кој ја зголемува толеранцијата на гликоза.
  • Орална нега – поради силното антибактериско својство, чајот од кромид ќе ви помогне да се уништат сите бактерии присутни во устата и грлото.

Доволно причини за да консумирате чај од кромид почесто? Еве како да го направите:

Состојки:

  • 1 среден кромид со кора
  • 600 мл вода
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • мед по желба.

Подготовка:

  1. Ставете го шеќерот да се растопи на тивок оган (внимавајте да не изгори, бидејќи тогаш станува горчлив).
  2. Додека се топи шеќерот, подгответе го кромидот. Исечете ги горниот и долниот дел од главата, задржувајќи ја лушпата, а потоа исечете го на 4 дела.
  3. Кога шеќерот убаво ќе се растопи, промешајте и постепено додавајте ја водата.
  4. Потоа, додајте го кромидот и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие, варете уште 3-4 минути.
  5. Оставете го чајот да отстои 10-15 минути, а потоа додајте мед по желба.

Ви препорачуваме да прочитате: Лосион од црвен кромид за избелување на пегите на лицето и рацете.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: