Чоколадни колачиња со суво овошје и јатки

Здрави, вкусни, хранливи и симпатични, ете баш така би ги опишале овиe чоколадни колачиња од суво овошје и јатки. Толку се слатки и декоративни, што сме сигурни дека штом еднаш ги подготвите и се уверите во нивниот вкус, ќе ги правите секогаш повторно и повторно. Овој рецепт ни доаѓа од кујната на Лана, а тоа е еден доказ плус за совршеноста на овој рецепт.

Доколку сакате да добиете здрави чоколадни колачиња направете ги црно чоколадо, но може да употребите и млечно или бело чоколадо, ако сакате да имате повеќе видови. Исто така може да користите секаков вид на суво, кандирано и зашеќерено овошје и јатки по ваша желба. Едноставно препуштете и сѐ на фантазијата и креирајте чоколадно уживање по ваш вкус.

чоколадни колачиња со суво овшје и јатки

Состојки:

  • 200 г црно, млечно или бело чоколадо по желба
  • суво или кандирано овошје по желба (суви смокви, урми, кајсии, брусница, суво грозје, кандирана кора од портокал, кокос)
  • јатки по желба (бадеми, лешници, ореви, индиски ореви, кикиритки или фстаци).

Подготовка:

  1. Најпрво растопете го чоколадото на пареа.
  2. Потоа, од растопеното чоколадо ставете по 1 – 2 лажици во секој отвор на мини силиконските калапи за мафини. Доколку немате вакви калапи, тогаш може да нацртате кругови на хартија за печење, да ги исечете и врз нив да нанесете од растопеното чоколадо.
  3. Пред да се стврдне чоколадото, врз секое колаче ставете по 1 лешник, бадем, орев и сечкано суво или кандирано овошје по желба.
  4. Откако ќе се стврдне чоколадото, колачињата многу лесно ќе ги извадите од калапите или одлепите од хартијата за печење.
  5. Вака подготвените колачиња совршено одговараат со ликер од чоколадо. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Полнети урми со кремаст фил и јатки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: