Овој рецепт во нашето семејство се прави многу одамна и ни буди убави спомени од детството. Фантастичните форми кои се добиваат потсеќаат на кукулички, па од таму потекнува и името на овај одличен десерт!
Сигурно дел од вас го знаат и пробале од крцкавите колачи со чоколадни експандирани житарки. Рецептот за кукулички, а во некои краеви познати како шишарки ни го препорача Клара, а е многу лесен и вкусен за подготовка. Најмногу се радуваат децата, а кукуличките брзо ќе исчезнат од чиниите.

Состојки:
- 3 лажици какао
- 100 гр чоколадо за готвење
- 100 гр сусам
- 5-6 лажици мед
- 800 гр чоколадни експандирани житарки во форма на мали топчиња
- 5 лажици шеќер
- 250 грама путер или маргарин.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете го сусамот. Континуирано мешајте кратко време за да се потпечи сусамот.
- Во тенџерето со сусам додајте ги путерот, чоколадото искршено на коцки, какаото, медот и шеќерот. Измешајте ги состојките убаво за да се растопи путерот и чоколадото.
- Експандираните житарки ставете ги во поголем сад и полејте ги со претходно припремениот чоколаден прелив. Убаво измешајте ги со голема дрвена лажица за да се изедначат состојките.
- Од смесата за колачи, со мала лажичка ставете во внатрешноста на цедалка за лимони. Убаво притиснете, а потоа истресете ги колачите ги врз рамна чинија. За да си го олесните вадењето на кукуличките, обложете ја цедалката со најлонска фолија.
- Оформените кукулички оставете ги во фрижидер за да се стврднат барем половина час.
Рецептот го испратил: Клара Бос