Чоколадно смути за слабеење

Чоколадно смути со јагоди за слабеење

Богато со растителни влакна, витамин Ц, калциум, здрави состојки, ова чоколадно смути со јагоди е идеално за слабеење! Пролетно и вкусно, е полн погодок за појадок или ужина!

Внимателно избраните состојки те водат кон постигнување на посакуваната цел. Помалку килограми и добра фигура во летните месеци. Бананата му дава кремаста текстура, јагодите го збогатуваат вкусот, а ладно цеденото масло од лен го забрзува метаболизмот и помага за полесно намалување на килограмите. 

Чоколадно смути со јагоди

Состојки:

  • 1 замрзната банана
  • 1 чаша јаготки
  • 1 мала лажичка какао
  • 1 лажица ладно цедено масло од лен од Фила
  • ½ чаша грчки јогурт
  • 1 чаша бадемово млеко
  • 1 мала лажичка чоколадни капки по желба. 
Состојки за чоколадно смути за слабеење

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги сите состојки и миксирајте ги околу 1 минута. 
  2. Смутито послужете го веднаш. На здравје!

Совети плус:

  • За засладување може да користиш урми, сируп од урми, стевија, јаворов сируп или друг здрав засладувач по желба.  
  • Наместо свежи, може да се користат и замрзнати јагоди. 
  • По желба може да се додаде и протеин во прав – чоколаден или со вкус на ванила. 

Нутритивна анализа:

Од наведената количина ќе добиете две порции, а деталната нутритивна анализа е следната:

Нутритивна анализа за чоколадно смути

Калории: 243 kcal.
Масти: 9 г (14%)

  • Заситени масти: 1 г.
  • Незаситени масти: 2 г.
  • Мононезаситени масти: 5 г. 
  • Транс масти: 0 г.

Холестерол: 0.

Протеини: 9 г (17%).
Јаглехидрати: 36 г (12%).

  • Растителни влакна: 3 г (13%).
  • Природни шеќери: 21 г.

Витамини: Ц (93%).

Информација плус:

Ладно цеденото масло од лен може да се најде во поголемите маркети низ земјата или да се нарача од веб продавницата на Фила.

Може да те интересира: Свежа летна салата со ленено масло, просо и семиња.

*Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: