cudo kolac 1

Чудо колач – брз десерт со само 1 јајце

За правењето на овој колач најважно е да се придржувате до дадените инструкции за негова подготовка . Во тој случај ќе бидете сигурни дека колачот ќе биде совршен и нема залудно да ги потрошите состојките и времето. А, речиси сите состојки сигурно веќе ги имате во кујната дома, па потребно е да издвоите само малку време и да им приготвите вкусен чудо колач на вашите најблиски.

Тајната за подготовката на овој колач лежи во мешањето. Инаку, целата процедура е мошне брза и едноставна, што го прави совршен за деновите кога немате многу состојки дома и не ви се прават комплицирани торти, а сепак ви се јаде нешто благо.

cudo kolac 2

Состојки:

За пандишпан:

  • 1 јајце
  • 200 г шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 200 мл млеко
  • 100 г мелени ореви
  • 100 мл масло
  • 200 г просеано брашно
  • ½ ќесичка прашок за печиво

За фил:

  • 350 мл млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 4 лажици шеќер
  • 150 г путер

За посипување:

  • чоколадни капки или крупно сечкани ореви, бадеми или лешници.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за матење додајте ги јајцето, шеќерот, ванилиниот шеќер и на крај млекото, а при тоа постојано мешајте. Ова е „најтешкиот“ и најважниот дел од рецептот. Додајте прво околу 100 мл млеко и мешајте околу 3 минути, па дури потоа дотурете го и остатокот од млекото.
  2. Потоа додајте ги оревите и маслото со постојано мешање. Суштината на овој рецепт е сите состојки добро да се измешаат. Затоа, откако ќе го додадете маслото мешајте уште околу 2 минути.
  3. Во брашното додајте го прашокот за печиво.
  4. Брашното додајте го во садот со јајца и млеко и повторно мешајте уште неколку минути, додека тестото стане малку погусто од смеса за палачинки.
  5. Плехот за печење со димензии 35*20см, премачкајте го со малку растопен путер и набрашнете го. Вишокот брашно истресете го.
  6. Во вака подготвениот плех турете ја смесата за колачот.
  7. Печете во претходно загреана рерна на 170 степени, околу 25 минути.
  8. Во меѓувреме подгответе го филот. Во длабок сад на оган додајте го ладното млеко.
  9. Потоа во малку млеко додајте 1 ќесичка прашок за пудинг од ванила и шеќер, па добро промешајте за да се растопат грутките од пудингот.
  10. Млекото кратко зовријте го. Турете го претходно припремениот пудинг со константно мешање. Пудингот варете го околу 1 минута.
  11. Вака подготвениот фил веднаш турете го врз готовиот колач и добро размачкајте го.
  12. Врз топлиот фил распоредете ги чоколадните капки или декорирајте го со крупно сечени ореви, бадеми или лешници.
  13. Колачот пред сервирање треба да се излади околу 2 часа, а потоа може да се послужи. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Потурен колач по арапски рецепт.

Сподели: