Шеќер во стевиа, како точно да ги претворите дозите 1

Шеќер во стевиа, како точно да ги претворите дозите?

Сте се запрашале ли: „Како да заменам точно доза шеќер со стевиа?“, „Ќе згрешам ли или ќе ми излезе убав колачот?“… Не грижете се , ние ви припремивме листа која ќе ви биде од помош!

Новите трендови на здрава исхрана ја донесоа и стевиата во нашето мени. Скоро и да нема човек кој не слушнал за неа, но, ретко кој знае како најдобро и најточно да замени доза шеќер со стевиа.

Шеќер во стевиа, како точно да ги претворите дозите 2

За таа цел, ви припремивме специјална листа за претворање на нивните дози. Со оглед на тоа што стевиата може да се најде во различни форми и тоа, во прав, во течна форма која уште е позната како екстракт или капки, како и во вид на таблетки, може да се најдете во ситуација да не знаете да се снајдете.

Во текстот подолу ќе имате можност да дознаете како да ја претворите дозата шеќер која ви е запишана во одреден рецепт со стевиа. Тоа е поздрав избор, па штом имате можност наместо шеќер, користите природен засладувач кој има нула калории и често се препорачува во нискокалорични и здрави режими на исхрана.

Еве како лесно да замените доза шеќер со стевиа

  • 1 чаша шеќер = 1 лажица стевиа во прав или 1 лажиче капки (екстракт)
  • 1 лажица шеќер = 1/4 лажица стевиа во прав или 6-9 капки (екстракт)
  • 1 лажиче шеќер = прстофат стевиа во прав или 2-4 капки (екстракт).

Ви препорачуваме да прочитате: 10 необични начини употребите шеќер.

Сподели: