Овој рецепт е приготвен како на шега! Целта беше да биде што полесно за подготовка, да е брзо и да не одзема време, а сепак да е вкусно. Па, драги наши, го постигнавме тоа! Вкусот на нашите шпагети со со од тиквички беше одличен и лесно приемлив за стомакот.
Обожаваме да експериментираме во кујната, а како и обично, сите добри нешта ги споделуваме со вас, нашите читатели. Израдувајте се себе и домашните со нешто ново во чинијата. На здравје!

Состојки:
- 100 гр пченкарни безглутенски шпагети (по желба може да ги замените)
- 1 средно голема тиквичка
- 1 лажиче путер
- неколку ливчиња свеж босилек
- црн пипер по вкус
- сол по вкус
- 1 лажичка ленено семе за поросување.
Подготовка:
- Ставете на оган вода да зоврие за да ги сварите шпагетите. Количината на вода нека не биде преголема. Така шпагетите ќе си оформат свој кремаст сос.
- Тиквичката измијте ја, излупете ја, па изрендајте ја во одделен сад.
- Откако ќе ги ставите шпагетите и чекате да се варат соодветно според времето наведено на упатството, 2-4 минути пред да ги извадите, во садот додајте ги ренданата тиквичка, путерот и ситно сечканиот босилек.
- Зачинете по вкус со сол и црн пипер.
- Измешајте, поросете со лененото семе и декорирајте со ливчиња босилек. Послужете топло и уживајте!
Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за тестенини со тиквички.