Шпагети со сос од црни домати

Уште еден вкусен, посен и лесен рецепт од Ана Наумовска. Овој пат таа во нашата група сподели супер идеја за шпагети во сос од црни домати. Едвај чекаме да ги пробаме!

Рецептите на членовите од нашата група се многубројни, од солени предјадења до слатки десерти. Па, за повеќе рецепти од нашите членови ве покануваме се прикучите на групата Сѐ за храна, а секако и да споделите некое ваше омилено јадење.

Шпагети со сос од црни домати 2

Состојки:

  • 250 г посни шпагети.

За сос:

  • 1 главица кромид
  • 1 црн домат со средна големина
  • 4 чешниња лук
  • магдонос по вкус
  • 400 г посен доматен сос
  • сол и црн бибер по вкус.

Подготовка:

  1. Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето. Потоа измијте ги со топла вода.
  2. Кромидот ситно исечкајте го и запржете го во тенџере.
  3. Црниот домат исечете го на коцки и додајте го во кромидот. Пржете кратко додека да омекнат црните домати.
  4. Лукот и магдоносот ситно исечкајте ги.
  5. Во тенџерето додајте ги доматниот сос, лукот и магдносот. Посолете по вкус.
  6. Готовиот сос од црни домати оставете го на оган додека зоврие. Потоа тргнете го од оган и турете го врз сварените шпагети.
  7. Декорирајте со листови свежо оригано. А, за оние кои сакаат луто, додајте и луто пиперче. Едноставно, а вкусно. На здравје!

Автор на рецептот: Ана Наумовска.

Ви препорачуваме да прочитате: Шпагети со сос од тиквички.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: