шпагети со ќофтиња во доматен сос

Шпагети со ќофтиња во доматен сос

Дали сте пробале шпагети со ќофтиња во доматен сос? Станува збор за италијанско – американско јадење кое е популарно ширум светот. Искористете го слободното време, експериментирајте во кујната и направете нешто вкусно за целото семејство.

Збогатете го вкусот на традиционалните тестенини со домашно подготвени доматен сос и ќофтиња. Комбинацијата звучи совршено, зар не? Ова е рецепт кој буквално ќе ги задоволи вкусовите и критериумите на сите дегустатори. Едноставно нема мана!

шпагети со ќофтиња

Состојки:

  • 750 г свинско филе од Агриа
  • 50 г лебни трошки
  • 2 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 средно големи чили пиперчиња
  • 4 лажички сечкан свеж босилек
  • 2 лажички сечкан свеж магдонос
  • 4 лажици млеко
  • 1 јајце
  • 2 лажици масло
  • 450 г сечкани домати
  • 500 г доматно пире
  • 400 г шпагети.

Подготовка:

  1. Свинското филе сомелете го во машина за месо или при набавката замолете ги вработените во Агриа да ви го измелат.
  2. Во длабок сад ставете ги меленото свинско филе, лебните трошки, 100 г сечкан кромид, 2 чешниња сечкан лук, половина лута чили пиперка, босилекот, магдоносот, јајцето и зачинете со сол и црн пипер.
  3. Смесата добро измесете ја со раце и оформете ги ќофтињата.
  4. Во загреано масло на оган ставете ги ќофтиња и пропржете ги додека добијат кафеава боја. Пржените ќофтиња ставете ги во длабока тава.
  5. Во тавата во која се пржеа ќофтињата, додајте ги преостанатите кромид, лук и чили пиперки. Пропржете ги додека омекнат. Потоа додајте ги доматите, доматното пире и зачинете со црн пипер и сол по вкус. Гответе се заедно околу 5 минути.
  6. Прелијте ги ќофтињата со вака подготвениот сос, делумно прекријте го садот и динстувајте ги на тивко околу 20 минути.
  7. Во меѓувреме во длабок сад на оган зовријте вода и подгответе ги шпагетите според упатството на нивното пакување.
  8. Варените шпагети сервирајте ги во 4 порции. Врз нив ставете од сосот со ќофтиња. На крај украсете со ливчиња свеж магдонос. На здравје!

Совети плус:

За да бидете сигурни дека ќе добиете неодоливи вкусни свински ќофтиња, препорачуваме да набавите свежо свинско месо или свежо мелено месо од Агриа. Наша прв избор се Агриа, затоа што месото им е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. А што е најважно за вкусен оброк? – Изборот на квалитетни намирници од македонско потекло е од голема важност за крајниот резултат кој треба да го воодушеви целото семејство, а вие да се задоволни со кулинарскиот предизвик. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! 

шпагети со ќофтиња

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобриот рецепт за подготовка на месо за гиро.  

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: