Нема потреба секој пат штом ве заболи главата, грлото, се изгорите или имате запек, да земате лекови. Можете да ги надминете овие болести со помош на намирниците од кујната.
Ако имате изгореница
Доколку изгореницата е мала, пример сте го изгореле прстот од пеглата или ринглата, доволно е да ја држите раката под млаз со ладна вода за време од 10 минути. Исто така, добра опција е местото на изгореницата да го намачкате со малку масло, маргарин или путер. Наместо ладење, подобра опција е да нанесете маргарин, советува Д-р Џефри Пелегрино. Покрај тоа, многу лесно може да направите домашна маст против изгореници.

Ве мачи главоболка?
Најдобриот класичен лек за главоболката е мразот, тврдат експертите. Најновите лекови за главоболка можеби имаат ефект, но бројните истражувања покажале дека мразот е ефикасен при мигрена. Најдобро е да земете кеса со коцки мраз или пак замрзната мала кујнска крпа и да ја држите во задниот дел на главата, скоро до вратот. Освен мразот, прочитајте кои се останатите најдобрите природни лекови за главоболка.
Надминете ја болката во грлото со солен раствор
Најдобриот домашен лек за воспалено грло се наоѓа во вашата кујна. Секако, доколку имате температура или други симптоми, треба да се обратите кај лекар. Но, доколку ве гребе само грлото, доволно е да направите гаргара со раствор од вода и сол. Наместо антибиотици, секогаш користете природни лекови за црвено грло.
При болка во грлото може да ви помогнат и:
- Домашни бонбони против болка во грлото и настинка
- Ефикасен сируп од мед при настинки и болки во грлото
- Ефикасен домашен чај од ѓумбир за настинка и грип.
Ако имате запек јадете суви сливи
До констипација, запек или затвор доаѓа при проблеми со варењето на храната. Истражувањата покажуваат дека доколку се консумираат 12 суви сливи на ден ќе го регулирате варењето на храната, подобро отколку да пиете лекови. Дознајте повеќе што причинува запек и како да го решите. Покрај тоа, следете ги овие 5 совети кои ќе ви помогнат при запек и мрзливи црева.
При запек добро е да знаете:
Ви препорачуваме да прочитате: Прва помош без лекови, при мигрена.