Микробрановата печка е една од најпопуларните апарати во домаќинството, а основно е да се знае кои садови смее да ги користиме при загревање и подготовка на јадења. Ние ви издвоивме неколку корисни совети како правилно да ги користите садовите во микробранова печка.
Што може да ставите во микробранова печка
Стакло: Сите видови на стакло слободно можете да ги ставите во микробранова печка. Само внимавајте на времето и начинот на кој ќе ги користите.
Керамика: Кога станува збор за керамички садови важно е садовите да не бидат обложени со олово или метали. Доколку се само чиста керамика, тогаш може слободно да ги користите при подготовка на јадења во микробранова печка.
Силиконски садови: Во последно време се повеќе се популарни јадењата во силиконски садови. Тие се безбедна употреба во микробранова печка.
Што не можете да ставите во микробранова печка
Метал: Иако порцеланска чинија со метални рабови ја ставате во микробрановата печка, ние ви препорачуваме да не го правите тоа. Не само што ќе ја оштетите печката, туку вие можете да предизвикате пожар.
Пластични садови: Овие садови кои во себе ја содржат кристалната супстанција меламин не треба да ги употребувате. Можеби би можеле да ги ставите на неколку секунди, но ви препорачуваме да не ризикувате без потреба.
Бидете внимателни при изнесувањето на садовите кои биле во микробрановата печка бидејќи можат да бидат премногу жешки. И за крај, наша топла препорака е микробрановата печка да ја користите само во итни ситуации и нејзината употреба намалете ја на минимум.